Боксер (кучешка раса)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |

Боксерот е потомок на борбените кучиња уште од античко време. Ова куче е со средни димензии, во облик на коца (должината и висината на телото се еднакви). Исто така има коцкеста глава со силна и широка вилица.[1] Изразот на лицето не смее да му биде тажен или остар. Погледот треба да оддава енергија и интелегенција и да зрачи со верност. Ова куче е брзо и елегантно и не смее да биде премногу слаб. Влакната му се кратки и сјајни, од темноеленеста до жолта боја, а најбарана е бојата помеѓу овие две.
Особености
[уреди | уреди извор]Иако се вбројува во службени кучиња, пред сè е домашно куче. Палав е, разигран, извонредно внимателен кон децата и останатите членови на семејството. Карактеристично за него е да ги турка домашните со муцката со што ја покажува својата наклоност. Неговите кратки влакна лесно се негуваат. Скромен е и задоволен со престојот во стан, каде не лае премногу. Неговата живост и потреба за движење бара редовни и долги прошетки.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Worldwide Boxer. „The Boxer Head“.