Божуриште
| Божуриште Божурище | |
|---|---|
| град | |
Централниот плоштад во Божуриште | |
| Местоположба на Божуриште во Бугарија | |
| Координати: 42°45′45.77″N 23°11′55.85″E / 42.7627139°N 23.1988472°E | |
| Земја | Бугарија |
| Област | Софија |
| Општина | Божуриште |
| Управа | |
| • Градоначалник | Георги Димов (Движење „Ѓурѓовден“) |
| Површина | |
| • Вкупна | 0 км2 (0 ми2) |
| Надм. вис. | 573 м |
| Население (2022) | |
| • Вкупно | 5,938 |
| Час. појас | EET (UTC+2) |
| • Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
| поштенски број | 2227 |
| Повик. бр. | +359 07112 |
| Мреж. место | bozhurishte.bg |
Божуриште (бугарски: Божурище) — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Божуриште во Софиската Област. Има население од околу 5.938 жители (2022).[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа на 573 метри надморска височина во западниот дел на Софиското Поле, 13 километри северозападно од центарот на Софија и 16 километри југоисточно од Сливница. Се појавил на крајот на 19 век околу военен објект врз земјиштето на блиското село Гурмазово, а неговата населба „Максим Горки“ врз земјиштето на селото Пролеша.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Почетокот на град Божуриште како населба е во 1897 година, кога на земјиштето на селото Гурмазово бил создаден коњски комплекс за потребите на бугарската војска. Околу него постепено почнале да се градат приватни и државни објекти и така настанала денешната населба. Таа била наречена „Божуриште“ поради многуте диви божури во ливадите околу неа. На 15 август 1997 година за 100-годишнината од основањето селото Божуриште било прогласено за град.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Божуриште се наоѓа во земјиштето на селото Гурмазово.
- ↑ Божурище Архивирано на 18 август 2022 г. – справка от Национален регистър на населените места на НСИ (бугарски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |