Божин Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Божин Стојановски
Bozin Stojanovski.jpg
Роден 1926 година
Сопиште, Скопје, Македонија
Починал 29 април, 1945
Пакрац, Хрватска

Божин Панков Стојановски ( 1926 во Сопиште, Скопско29 април 1945 во Пакрац, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а подоцна се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во Дополнителната бригада, а подоцна преминал во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која заминал на Косово. Таму учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди. Потоа се префрлил во Срем, каде се обучил во ракувањето со новоприменото оружје. Цели 15 денови војувал во Сремскиот реон. Биле ослободени многу села и градови, при што биле заробени или убиени илјадиници непријателски војници. Но, во Пакрачките шуми при еден судир со непријателот, тој загинал на 29 април 1945 година и бил закопан на местото каде што загинал.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 137–138. На |first= му недостасува |last= (help)