Божин Стијков
Божин Стијков | ||
![]() | ||
Роден | Бродец (Скопско), Македонија | |
---|---|---|
Починал | декември 1944 година / јануари 1945 година Косово |
Божин Т. Стијков ( во Бродец (Скопско) ― на Косово) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Израснат е во сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство и чување на добиток. За сите четири години на окупацијата активно соработувал со партизаните и извршувал разни задачи. По доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во неговиот крај ѝ се приклучил во септември 1944 година. Со Бригадата учествувал во бројни борби против силните балистички банди во Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, заминал во Косово, каде што исто така учествувал во разоружувањето и ликвидирањето на преостанатите балистички банди. Во една од тие борби тој бил убиен.[1]