Божин Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Божин Николов - Силни
Роден 1923 година
Бродец, Скопско, Македонија
Починал август, 1944 година
Велес, Македонија
се удавил во реката Вардар

Божин Николов - Силни ( 1923 Бродец (Скопско)1944 во Велес) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно селско семејство. Многу рано останал без татко, поради што бил присилен да работи како момок кај побогатите селани. По формирањето на Првиот скопски партизански одред воспоставил врска со борците и оттогаш активно работел за НОВ. Во април 1942 година кога Вториот скопски партизански одред дошол во селото Бродец, организирал младинци за одредот да собираат храна, да вршат курирски задачи и слични активности. Се покажал како бестрашен и способен да изврши и најделикатни задачи. Дане Крапчев го нарекол Силни. Партизаните и илегалците во Скопје добро го познавале и можеле да му доверат секаква задача. Во 1943 година во Бродец дошле партизани од Шарпланинскиот одред. Оваа единица како и Кумановскиот одред редовно ги снабдувал со храна, ги информирал за новостите, одел во Скопје со доверлива пошта и слично. Во летото 1944 година на една нова група партизани во Бродец им се придружил и самиот тој и со нив заминал на Кумановскиот терен во Втората македонска ударна бригада. Загинал несреќно кон крајот на август 1944 rодина, кога Бригадата навечер го преминувала надојдениот Вардар, во близината на Велес.

Една улица во скопската населба Лисиче го носи неговото име.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 105–106. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „Улица Божин Николов - Силни - Скопје“. wikimapia.org.