Божин Додевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Божин Киров Додевски ( 1925 во Гулинци, Кривопаланечко3 септември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од селско семејство. По завршувањето на основното училиште, се занимавал со земјоделство. На 2 август 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Како нејзин борец учествувал во повеќе борби против бугарскиот и германскиот фашистички непријател. Кон крајот на август 1944 година, со Бригадата се префрлил на скопскиот терен. Бил учесник во успешната акција за ослободување на политичките затвореници од затворот во Идризово. Храбро загинал во една борба против непријателските единици, на 3 септември 1944 година покрај Вардар. Бил закопан на местото на загинувањето.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 188. На |first= му недостасува |last= (help)