Божидар Рајковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Божидар Јован Рајковиќ ( 1921 во Призрен, Косово[1]1943 во Кленоец, Кичевско) — српски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од градско семејство. Откако завршил основно училиште, изучил занает и работел како каменорезач - шлајфер. Во 1942 година се поврзал со народно-ослободителното движење, кое материјално го помагал. Се ангажирал во разобличувањето на бугарскиот фашистички окупатор. Во 1943 година заминал во партизани. Стапил во Првата македонско-косовска ударна бригада. Учествувал во нејзините славни борби против германските, бугарските и албанските фашисти. Во ноември 1943 година храбро загинал во борбата против Германците кај Кленоец.[2]

Една улица во Скопје, е именувана по него.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Алексоска и други, Јелица (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј "Западна Македонија во НОВ" - Кичево. стр. 178.
  2. 2,0 2,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 120. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „Улица Божидар Рајковиќ - Скопје“. wikimapia.org.