Божидар Настев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Божидар Настев
Роден 9 јануари 1924
Битола,  Кралство Југославија
Починал 23 април 1980
Скопје,  Македонија
Националност Македонец
Занимање преведувач, професор

Божидар Настев (9 јануари 1924, Битола23 април 1980, Скопје, Македонија) — македонски преведувач, професор[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил Филозофски факултет во Скопје (француски јазик и литература). Докторирал во Загреб. Бил декан на Филолошкиот факултет во Скопје, претседател на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и претседател на Сојузот на книжевните преведувачи на Југославија. Има напишано научни студии за голем број француски писатели.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Негови најзначајни преводи се:

  • „Госпоѓа Бовари“ од Флобер (1960)
  • „Заточениците од Алтона“ од Сартр (1962)
  • „Неименливото“ од Бекет (1970)
  • „Селани“ од Балзак (1972)
  • „Сентиментално воспитување“ од Флобер (1977) и др.

Автор е на книгите:

  • „Македонија во делата на француските писатели“ (1976) и
  • „Аромански студии“ (1982)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]