Божидар Митрев Панџаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Божидар Митрев Панџаров
Роден 1900
Починал 15 ноември 1932
краj Софија, Бугарија

Божидар Митрев Панџаров, бил бугарски комунист и македонски револуционер со влашко потекло, деец на Комунистичката партија на Бугарија и ВМРО (Обединета)

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој е роден во 1900 година во селото Кономлади, Костурско. Син е на војводата Митре Влаот. По Втората балканска војна војна неговото семејство се преселува во Софија, каде се сместува во населбата Јучбунар. Во 1919 година завршил гимназија. Божидар работил во шеќерната фабрика, каде влегол во Комунистичката партија на Бугарија. Таму станал секретар на VII реонски комитет на БКМС. Од 1922 година до 1925 работил за военската организација на БКП и учествувал во Септемвриското востание како обезбедување на Васил Коларов и Георги Димитров. По неуспехот на востанието е уапсен, а во 1924 година амнестиран. Од истата година се до 1934 е секретар на ІІІ реонски комитет на БКП во Софија. Бил припадник и на ВМРО (Обединета). Во 1932 година е убиен од терористи на ВМРО.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедия България, том 4, Издателство на БАН, София, 1984, стр. 287.