Боден (Шведска)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тврдината Радберг, дел од тврдината Боден
Тврдината Радберг, дел од тврдината Боден

Боден — град и седиште на општина Боден во округот Норботен, Шведска со 16.847 жители во 2018 година. Тоj е дел од поголемата област околу крајбрежниот град Лулео околу 36 километри на југоисток.[1] По Кируна, тој е вториот по големина град во внатрешноста на Северна Шведска.

Историја[уреди | уреди извор]

Градот Боден започнал како железничка раскрсница каде Северната линија (отворена 1894 година) се спојувала со Рударската линија од богатите полиња со железна руда во северна Шведска.

Градот доживеал зголемен раст на жители кога била изградена тврдината Боден во почетокот на 20 век. Целта на тврдината било да ја одбрани Шведска од можен напад од исток, каде што Русија се сметала за најопасна закана.

Првите официјални списи за Боден, биле во даночен документ од 1500 г., каде што се споменува „селото Боден“ со 7 куќи. Боден ја добил титулата град во 1919 година. Боден сега е седиште на општина Боден.

Индустрија[уреди | уреди извор]

Во 2007 година Боден сè уште е воено упориште и го сместува најголемиот гарнизон на шведската армија.

Армијата и општината се двата најголеми работодавачи во Боден. Бидејќи војската постојано се разоружувала, со петте полкови обединети во еден гарнизон, населението се намалило за 2.000 жители во текот на изминатите десет години.

Познати личности од Боден[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Градови близнаци и збратимени градови[уреди | уреди извор]

Боден е збратимен со:

Спортски клубови[уреди | уреди извор]

Следниве спортски клубови се сместени во Боден:

  • Боденс БК
  • Хеденс ИФ
  • Скогса ИФ
  • Витјервс ИФ
  • Боденс ХФ
  • Боден Хендбол ИФ

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Avstånd från Boden“ (шведски). Avståndstabell.se. Архивирано од изворникот на 14 January 2016. Посетено на 18 January 2016.
  2. „Altas vennskapsbyer“ (норвешки). Alta municipality. Посетено на 26 April 2012.