Богоја Стевковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Богоја Стевковски
Роден 1915 година
Ново Село, Скопје, Македонија
Починал 15 април, 1945 година
Будровци, Хрватска

Богоја Младенов Стевковски ( 1915 во Ново Село (Скопско)15 април 1945 во Будровци, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Израснат е во сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство. Во ноември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во акциите за разоружување и ликвидирање на балистичките банди во Косово. Потоа заминал во Срем, каде по успешното совладување на воената обука учествувал во тешките и крвави битки против германските и усташки формации. На 15 април 1945 година во една битка пред Будровци во близината на Ѓаково, загинал. Бил закопан на местото на загинувањето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 131. На |first= му недостасува |last= (help)