Боб на Зимските олимписки игри 2010 - двосед за мажи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боб на
Зимските олимписки игри 2010
Двосед   мажи   жени
Четирисед   мажи    
квалификации


Натпреварите во боб двосед во машка конкуренција на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 20 и 21 февруари на патеката во Вислер[1].

На 20 февруари, со почеток во 17:00 по месно време (UTC-8) се одржа првата трка, а во 19:30 втората. Следниот ден, со почеток во 13:00 се одржа третата, а четвртата се одржа со почеток во 15:45.

Златниот медал го освоија Андре Ланге и Кевин Куске од Германија. Со ова злато, Андре Ланге стана првиот натпреварувач со 4 златни медали во овој спорт.

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Злато Сребро Бронза
Германија (2010)
Андре Ланге
Кевин Куске
Германија (2010)
Томас Флоршиц
Ричард Аџеј
Русија (2010)
Александар Зубков
Алексеј Воевода

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 2010 Winter Olympics bobsleigh schedule. Архивирано на 3 ноември 2009 г. - accessed 5 November 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]