Боби Мојсоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Боби Мојсовски
Боби Мојсовски
Боби Мојсовски
Основни податоци
Родено име Бобан Мојсовски
Познат(а) и како Боби
Роден(а) 21 Aвгуст 1992
Потекло Република Македонија
Жанр(ови) Поп
македонска народна музика
класична музика
Рок
Занимање/ња Пејач, композитор, изведувач на гитара, текстописец
Години активност 2008 – сегашност
Веб-место http://www.youtube.com/Vengean

Бобан Мојсовски - Боби (Охрид, 21 август 1992) е македонски пејач од Охрид - Македонија, познат како вице-шампионот на шоуто “МК Талент“ и Гран При победник на светски реномираниот фестивал “Славјански Базар“ во Витебск, Белорусија.

Награди[уреди | уреди извор]

  • МАССУМ ОЛИМПИЈАДА 2007 во Скопје - Награда за најдобар вокал
  • МК ТАЛЕНТ шоу 2010 - 2 место
  • Канеофест 2010 - 1 место од публика и Гран При на фестивалот
  • Охридфест 2010 - 7 место во втората (поп) вечер на фестивалот од 31 учесник
  • Избор на песна за Евровизија 2011 Скопјефест - 4 место од публика и 7 место на целокупната листа
  • Дискавери фестивал во Варна, Бугарија 2011 - 1 место за најдобра вокална интерпретација и 3 место за најдобра песна
  • Интернационален музички/арт фестивал “Езерски Бисери“ (2011) - 1 место во категорија Естраден Вокал.
  • Макфест 2011 во Штип, Македонија
  • Еврофест 2011 - Награда за Најдобра Вокална Интерпретација
  • Славјански Базар 2012 - Гран При
  • Прв рок концерт “Smoke on the water“ со Претседателскиот оркестар во Минск - Ноември 2012
  • Втор рок концерт “Smoke on the water“ со Претседателскиот оркестар во Минск - Април 2013
  • Охридфест (Охридски трубадури 2013) - Награда за најдобар сценски настап и Трето место од публика во ПоП вечер, 5 место во Интернационална вечер - Август 2013
  • Макфест 2013 во Штип, Македонија
  • X Factor Adria - 2 место - 21.06.2015

Биографија[уреди | уреди извор]

Првите музички чекори, Боби ги направи во летото 2006, кога се пројави желба да свири некој музички инструмент и како негов примарен инструмент, тој ја одбра гитарата.Во септември 2006, тој се приклучи на бенд со име "Fatamorgana", на почетокот земајќи ја улогата на ритам гитарист и вокал, а подоцна и соло гитарист. Во Ноември 2007, Боби учествува на МАССУМ Олимпијадата во Скопје, Македонија каде од 30 учесници тие го освоија 2 место со бенд, додека Боби ја освои наградата за Најдобар вокал на Олимпијадата. Исто така, на оваа олимпијада тој се претстави и како текстописец и композитор на нивниот прв сингл "Ова е рокенрол". На 16 Октомври 2008, учествува на хуманитарен концерт организиран од Црвен Крст во чест на нашата легенда"Тоше Проески" на градскиот плоштад во Охрид, Република Македонија.

Сакајќи да ја подобри својата вокална техника, Боби успева да направи контакт преку интернет со професорите по пеење"Brett Manning" (Singing Success) и Joshua Walls кои му даваат приватни часови по пеење, особено во стилот"Bel Canto" (класично пеење) од кои подоцна е класифициран како "Leggiero-Lirico tenor". Во Септември 2009, Боби и бас гитаристот на бендот формираат нов бенд наречен "Rocky Road" поради некои недоразбирања меѓу членовите на претходниот бенд и наоѓаат и тапанар.

Боби Мојсовски

Првото јавно настапување на Боби е како учесник во шоуто ""МК ТАЛЕНТ" so"Драган Вучиќ"" (Ноември 2009 - Јуни 2010) каде Боби стигнува до финалето и завршува 2 место (вице-шампион). Еден месец подоцна, во Јули 2010, Боби ја освојува првата награда од публиката и Гран При наградата на "Канеофест 2010" музичкиот фестивал со неговиот официјално прв сингл: "Верувај ми" (текст, музика: Боби Мојсоски; аранжман: Даниел Јовески). Боби учествувал на овој фестивал со неговиот бенд "Rocky Road" под името: Bobi&Rocky Road [1].

Месец подоцна (Август 2010), тој учествува на "Охридфест 2010" - музичкиот фестивал во Македонија со неговиот втор сингл "Молитва со бол љубовен" (текст, музика и аранжман: Даниел Јовески), каде успева да влезе во поп вечерта на фестивалот со висок успех и го освојува 2 место од телевотинг листата - 8 место на целокупната листа од 31 учесник на фестивалот.

На 26 Февруари 2011, учествува на "Националниот избор на песна за Евровизија" со неговиот трет сингл “Те Краде Тој“; текст: Огнен Неделковски, Музика и аранжман: Лазар Цветковски каде завршува на 4 место од телевотинг листата, а на 7-мо место на целокупниот пласман. На 15 Мај 2011, Боби настапува на Интернационалниот Музички фестивал “Discovery" во Варна, Бугарија меѓу 15 држави каде освојува 2 награди: Награда за најдобра интерпретација (Најдобар изведувач) и 3 место во категоријата: Најдобра песна. Во Јули 2011 година, Боби најавува нов сингл под име “Раце во Оган“ (текст: Магдалена Цветкоска Ена; музика и аранжман: Лазар Цветкоски). На 13 Август 2011, Боби учествува на Интернационалниот музички/арт фестивал “Езерски Бисери“ каде го освојува 1 место во категоријата Естраден Вокал. На 13 Октомври, Боби учествува на престижниот фестивал МАКФЕСТ 2011 со нов сингл “Ќе нема следен пат“ (текст: Магдалена Цветкоска; музика и аранжман: Лазар Цветкоски). На 12 Ноември 2011, Боби беше поканет како гостин на скопскиот интернационален фестивал Еврофест каде му беше доделена наградата за Најдобра вокална интерпретација. На 16 јули, Боби ја освојува Гран При наградата на Славјански Базар 2012 во Витебск, Белорусија. Во февруари 2013, Боби Мојсоски го промовира неговиот нов сингл со видео-запис “Јас и ти“ (текст: Боби Мојсовски; музика: Јован Василевски; аранжман: Гоце Симоновски)

Дискографија[уреди | уреди извор]

Синглови[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]