Прејди на содржината

Боби Бленд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боби Бленд
Боби Бленд во 1998
Животописни податоци
Родено имеРоберт Калвин Брукс
Познат(а) и какоБоби „Блу“ Бленд
Роден(а)јануари 27, 1930(1930-01-27)
Баретвил, Тенеси, САД
Починал(а)јуни 23, 2013(2013-06-23) (возр. 83)
Џермантаун, Тенеси, САД
Жанрови
Занимања
  • Кантавтор
  • аранжер
  • водач на бенд
Инструментиглас
Издавачи
Соработници

Роберт Калвин Бленд (англиски: Robert Calvin Bland; роден како Роберт Калвин Брукс; 27 јануари 1930 година – 23 јуни 2013), професионално познат како Боби „Блу“ Бленд ― американски блуз-пејач.

Бленд развил сопствен стил кој бил мешавина на госпел со блуз и R&B.[1] Неговиот уникатен стил бил инспириран од проповедникот од Детроит, К.Л. Френклин, а Бленд ги проучувал неговите проповеди.[2] Понекогаш го нарекувале „Лав на блузот“ или „Синатра на блузот“.[3] Неговата музика била под влијание на Нет Кинг Кол.[4]

Во 1981 година, Бленд бил примен во Куќата на славните на блузот, во 1992 година во Куќата на славните на рокенролот и во 2012 година во Куќата на славните музичари од Мемфис.[5] Тој добил Греми награда за животно дело во 1997 година.[6] Куќата на славните на рокенролот го опишала како „втора најголема ѕвезда, веднаш зад Би Би Кинг како производ на блуз-сцената на улицата Бил на Мемфис “.[3] Во 2023 година, Ролинг Стоун го рангирал Бленд на 163-то место на нивната листа од 200 најдобри пејачи на сите времиња.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bobby 'Blue' Bland“. Livinblues.com. Архивирано од изворникот на 2007-08-24. Посетено на 2007-08-09.
  2. Russell, Tony (2013-06-24). „Bobby 'Blue' Bland obituary“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2023-12-06.
  3. 3,0 3,1 „Bobby Bland“. BBC News. 2013-06-24. Посетено на 2013-06-25.
  4. „Bobby 'Blue' Bland, Known for 'Further On Up the Road' and 'Turn on Your Love Light', Dies“. Washingtonpost.com. 2013-06-24. Архивирано од изворникот на 2013-06-24. Посетено на 2013-06-24.
  5. „Bobby "Blue" Bland | Memphis Music Hall of Fame“. memphismusichalloffame.com.
  6. „Bobby Bland: Biography“. AllAboutJazz.com. Архивирано од изворникот на December 26, 2007. Посетено на 2007-08-09.
  7. Празен навод (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]