Повраќање

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Блуење)
Повраќање

Повраќањето или блуење (лат. vomitus, познато медицински со грчкиот термин емеза) претставува експулзија на содржината на желудникот преку устата. Најчесто повраќањето е претходено со гадење, потење и зголемена саливација, но може да се случи и сосема ненајавено. Контролирано е од посебен центар во мозокот, наречен центар за повраќање кој може да се надразни на повеќе начини. Најчесто, дразбата стигнува од гастроинтестиналниот тракт (уста, хранопровод, желудник и црева) кога било кој негов дел е премногу потечен, надразнет или иритиран. Нервни импулси, исто така, можат да пристигнат и од балансирачкиот механизам на внатршното уво. Центарот за повраќање тогаш испраќа импулси до абдоминалниот мускул задолжен за повраќањето. Мускулите на абдоменот тогаш се стегаат и дијафрагмата турка надолу. Овие контракции го притискаат абдоменот и го зголемуваат притисокот во него. Тогаш езофагниот сфинктер (мускулот помеѓу желудникот и езофагусот) се опушта со што дозволува на содржината на желудникот да излезе нагоре.

Диференцијална дијагноза[уреди | уреди извор]

Повраќање проследено со иритација на гастроинтестиналниот тракт може да се јави како последица од неправилна исхрана, труење со храна, желудечна надразнетост предизвикана од хемикали, лекарства, преголемо количество алкохол, гастроинтестинални обструкции, различни инфективни заболувања. Се јавува и во периодот на бременост и тоа почнувајќи од 5-тата или 6-тата, па сè до речиси 12-тата недела од бременоста и тоа како последица од варирањето на хормоналните нивоа.