Блудниот син во бордел
Творец | Рембрант ван Рајн |
---|---|
Година | околу 1637 |
Димензии | 161 см × 131 см |
Место | Галерија на старите мајстори, Дрезден |
Блудниот син во бордел, Блудниот син во таверна или Рембрант и Саскија во параболата за блудниот син — славно ремек-дело на барокниот сликар Рембрант ван Рајн од 1637 година. Се наоѓа во Галеријата на старите мајстори во Дрезден. Ова е единствената слика на која е тој со сопругата Саскија.
Опис
[уреди | уреди извор]На сликата, Рембрант е во улогата на блудниот син, кој ги троши своите пари на проститутки и е елегантно облечен со меч и капа со пердув, кревајќи чаша вино високо. Саскија му седи на колено, неговата сакана сопруга исто така облечена во скапа облека. На масата има јадење со паун, што е симбол на гордост.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1749 година сликата била купена за изборниот кнез на Саксонија Август III (Фридрих Август Втори). За време на Втората светска војна, сликата, заедно со другите слики од галеријата, била извадена од галеријата во Дрезден, со што се избегнало разорното бомбардирање на Дрезден во февруари 1945 година. По завршувањето на војната, била извезена во Москва заедно со другите слики од галеријата и била вратен во Германската Демократска Република во 1955 година со одлука на советската влада.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Rembrandt und Saskia im Gleichnis vom verlorenen Sohn“. SKD Online Collection.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- The painting in the State Art Gallery in Dresden
- Rembrandt, Self-Portrait with Saskia (The Prodigal Son), ColourLex