Блокбастер

Блокбастер (англиски: blockbuster, од block — „кварт“, и bust — „да се уништи“, букв. „уништувач на квартови“) — многу популарен и комерцијално успешен производ на филмската и театарската индустрија.[1][2] Од средината на 1970-тите, поимот почнал да означува жанр високобуџетни филмови за масовна публика, честопати холивудски филмови, во кои глумат познати глумци, со очекуван висок (стотици милиони американски долари) приход од киноблагајните. Од почетокот на XXI век, блокбастерите понекогаш почнале да се користат за да се опишат популарни и високопрофитабилни дела во книжевноста и поп-културата воопшто.
Поврат на инвестициите
[уреди | уреди извор]Финансиските барања за широк маркетинг и распределба на еден блокбастер (освен самото снимање и хонорарите за глумците и екипата) се толку големи, што за да донесе приход, тој мора да заработи значително повеќе од трошоците за неговото производство. Ова довело до појава при која филмови како „Супермен се враќа“ (2006), „Последниот воздушник“ (2010) и „Борбен брод“ (2012) биле сметани за неуспешни, иако оствариле приходи од над 300 милиони долари ширум светот. Како последица, некои продуценти се свртеле кон распределба на помали, но ветувачки нискобуџетни филмови, надевајќи се дека со скромни вложувања ќе остварат значителна добивка.
Кога нискобуџетен филм ќе стане успешен или ќе ги надмине очекувањата за филмови во својот жанр, тогаш тој филм станува блокбастер во првобитното значење на зборот. Меѓутоа, таков филм не може да го понесе името „блокбастер“ според денешното значење на поимот, па се означува како хит или sleeper (изненадувачки успех).
Пример за тоа е документарниот филм „Проклетство“ од 2003 г., со буџет од само 218 долари, а заработка од 1,16 милиони долари – што претставува добивка од 532,057 %. Поопшто познат пример е трилерот „Паранормална активност“ од 2009 г., со буџет од 15 000 долари и светска заработка од над 196 милиони долари.
Други нискобуџетни, но комерцијално успешни филмови се: „Вештерката од Блер“, „Ноќ на вештерките“, „Евтини приказни“, „Американски графити“, „Наполеон Динамит“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Signs of the Zeitgeist“. The Economist. ISSN 0013-0613. Посетено на 2025-05-11.
- ↑ „Google Ngram Viewer“. books.google.com. Посетено на 2018-01-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- All Time Box Office Domestic Grosses на Box Office Mojo
|