Блејд ранер (филм од 1982)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Блејд ранер или Истребувач (англиски: Blade Runner) е американски научнофантастичен филм на режисерот Ридли Скот. Сценариото е дело на Хамптон Фенчер и Дејвид Пиплс, засновано на романотДали андроидите сонуваат електрични овци?“ (Do Androids Dream of Electric Sheep) на Филип К. Дик. Главните улоги ги толкуваат Харисон Форд, Руџер Хауер, Шон Јанг, Едвард Џејмс Олмос и Дарил Хана. Продолжението на филмот, со наслов Блејд ранер 2049 премиерно бил прикажан во октомври 2017 година, а главната улога ја игра Рајан Гослинг.[1][2]


Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во дистопискиот Лос Анџелес, во ноември 2019 година. Во тој свет од иднината, луѓето создале генетички суштества наречени репликанти, кои визуелно не се разликуваат од луѓето, а се користат за опасни работи на Земјините вселенски колонии. По еден мал бунт на репликантите, тие се забранети на Земјата, а специјалните полицајци, наречени „истребувачи“ (Blade Runners), се обучени да ги ловат и да ги убиваат избеганите репликанти на Земјата. Притоа, група репликанти пристигнува во Лос Анџелес, а полицијата го убедува пензионираниот истребувач Рик Декард (го игра Форд) да ги пронајде и да ги убие репликантите. При спроведувањето на еден тест, тој се вљубува во репликантката Рејчел (ја игра Јанг). Набргу, тој ја убива репликантката Зора (ја игра Касиди), но него го пронаоѓа репликантот Леон (го игра Џејмс) и меѓу нив започнува борба. Во последен миг се појавува Рејчел, која го убива Леон и така му го спасува животот на Декард. Во меѓувреме, водачот на репликантите Рој Бати (го игра Хауер) и неговата девојка Прис (ја игра Хана) го заробуваат Џ. Ф. Себастијан (го игра Сандерсон), кој ги одведува кај творецот на репликантите, д-р Тирел (го игра Таркел). Таму, Рој најпрвин го убива Тирел, а потоа и Себастијан. Декард оди во станот на Себастијан, каде ја пронаоѓа и убива Прис, но тогаш пристигнува Рој, кој му го одзема оружјето на Декард и му ги крши прстите на едната рака. Меѓутоа, Рој започнува да се распаѓа, зашто репликантите се направени така што имаат ограничен животен век. Бегајќи, Декард се качува на врвот од зградата, каде едвај се држи на работ, а Рој во последен миг го спасува и умира. Декард се враќа дома каде ја наоѓа Рејчел и двајцата заминуваат заедно.[3]

Улоги[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mia Galuppo (18. 02. 2016). 'Blade Runner' Sequel Gets Release Date“. The Hollywood Reporter. конс. 19. 02. 2016. 
  2. Lincoln, Ross A. (19. 04. 2016). Blade Runner Sequel Moved Ahead To October 2017“. Deadline. 
  3. IMDb, Blade Runner (1982) (пристапено на 27.32019)