Блескав здравец
| Блескав здравец | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| клад: | Розиди |
| Ред: | Здравцовидни |
| Семејство: | Здравци |
| Род: | Здравец (род) |
| Вид: | Блескав здравец |
| Научен назив | |
| Geranium lucidum L. | |

Блескав здравец (латински: Geranium lucidum) — едногодишно тревесто растение од родот здравец. Потекнува од Европа, Западна Азија и Северна Африка. Во Северна Америка бил донесено како градинарско растение, а на некои места, особено на северозападниот дел на Пацификот, е натурализирано и се смета за инвазивен вид и плевел.
Опис
[уреди | уреди извор]Општи одлики и стебло
[уреди | уреди извор]Блескавиот здравец е едногодишно ароматично растение, голо или со ретки влакна, високо од 10 до 40 см. Растението е зелено, но обично поцрвенува. Стеблото е вертикално или придигнато, аглесто, светликаво и разгрането.[1]
Листови
[уреди | уреди извор]Листовите се широки 2 до 5 см, тркалезни, тркалезно-бубреговидни или петаглести. Тие се за 1/2–2/3 насечени на 5 обратно-јајцевидно-клиновидни дела, кои на врвот завршуваат со 2 или 3 тапи заба. Базалните (кореновите) листови и долните стеблени листови се со многу долги дршки, додека горните стеблени листови се наспрамни и имаат покуси дршки. Прилисниците се копјести, со влакненца по работ.[1]
Соцветие и цвет
[уреди | уреди извор]Цветовите се распоредени по 2 заедно, со дршки кои се долги колку чашката, а слична должина има и нивната заедничка дршка. Дршките на самите цветови, како и дршката на соцветието, се покриени со малубројни, лачно искривени влакна.[1]
Чашка и венче
[уреди | уреди извор]Чашкините ливчиња се со должина од 5 до 7 мм, јајцевидни, со 3 крилести жили. Помеѓу жилите се забележуваат 2 до 4 брчки и широк ципест раб, а на врвот се заострени и завршуваат со кусо шиловидно врвче.[1]
Венчето е светлорозово, а поретко може да биде и бело. Венечните ливчиња се долги 8 до 10 мм (за половина подолги од чашката), на врвот се тркалезни и имаат многу долг клиновиден дел.
Прашници и плод
[уреди | уреди извор]Прашниците се долги колку чашката или се малку подолги од неа, додека прашниковите конци (филаментите) се малку проширени кон својата основа. Плодните делови во горниот дел имаат хоризонтални брчки, а во долниот дел се одликуваат со мрежеста структура. Семките се светлокафеави и мазни.[1]
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Блескавиот здравец е чест на варовнички карпи и ѕидови, како и во црковни дворови покрај патишта, брегови, градини и гола земја; напредува на варовничка или песоклива почва.[2] Исто така е честа појава на кисели почви и засенчени брегови. Растението има добри способности за расејување бидејќи семето експлозивно се исфрла од капсулата, што му овозможува на да се движи по падините и да ги користи пукнатините во стеблата на дрвјата и вдлабнатините во ѕидовите што се повисоки од матичното растение.[3]
Распространетост
[уреди | уреди извор]
Блескавиот здравец е домороден во Европа, Азија, па сè до Хималаите и Северна Африка.[4] Ова растение е вообичаено во Велика Британија и Ирска,[5] особено на југозапад и запад, но ретко во Шкотска. Се наоѓа на надморска височина до 600 метри.[2] Се одгледува како градинарско растение во делови од Соединетите Американски Држави и е натурализирано во северозападниот дел на Пацификот.[4]
Подрачја на природна распространетост на видот се:[6]
- Евроазија
- Албанија, Австрија, Балеарски Острови, Балтички Острови, Белгија, Бугарија, Корзика, Кипар, Чехословачка, Данска, Источноегејски Острови, Финска, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Индија, Иран, Ирак, Ирска, Италија, Крит, Крим, Либан-Сирија, Непал, Северен Кавказ, Норвешка, Пакистан, Палестина, Португалија, Романија, Сардинија, Саудиска Арабија, Сицилија, Јужноевропска Русија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Закавказје, Турција, Европска Турција, Туркменистан, Украина, Западни Хималаи, Југославија.
- Африка
- Северна Африка
- Алжир, Либија, Мароко, Тунис
- Макаронезија
- Мадеира
- Северна Африка
Македонија
[уреди | уреди извор]Блескавиот здравец е широко распространето растение на територијата на целата Македонија на надморска височина сè до 1.200 м, а во одредени случаи и до 1.500 м.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 Мицевски, Кирил (2005). ФЛОРА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Том I, свеска 6. Скопје: МАНУ. стр. 1506-1507. ISBN 9989-101-46-9 (св. 6) Проверете ја вредноста
|isbn=: invalid character (help). Укажано повеќе од еден|pages=и|page=(help);|access-date=бара|url=(help) - 1 2 Harrap, Simon (2014). Harrap's Wild Flowers. Bloomsbury Publishing. стр. 104. ISBN 978-1-4081-8987-0.
- ↑ „Shiny geranium“. Noxious Weeds. King County, Washington. Посетено на 28 June 2016.
- 1 2 „Geranium lucidum – L.“. Plants for a Future. Посетено на 28 June 2016.
- ↑ Clapham, A.R.; Tutin, T.G.; Warburg, E.F. 1968. Excursion Flora of the British Isles (Second Edition) Cambridge University Press. ISBN 0-521-04656-4
- ↑ Brummitt, R.K. 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Блескав здравец на Ризницата ?
Geranium lucidum на Викивидовите ?
|