Блекторн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Блекторн (англиски: Blackthorn) е филм од 2011 година, во режија на Матео Гил. Главните улоги ги толкуваат: Сем Шепард, Едуардо Нориега и Стивен Реј. Филмот „Блекторн“ освоил повеќе награди, меѓу кои и „ГОЈА“ во 2012 година, во категориите за најдобар снимател, најдобри костими и продукциски дизајн, како и наградата на Здружението на шпанските филмски критичари.[1].

Содржина[уреди | уреди извор]

Буч Кесиди, под името Џејмс Блекторн (го глуми Шепард) живее мирен живот во едно зафрлено село во Боливија. Пред да умре, тој сака да си го види семејството и затоа тргнува на пат за дома. Меѓутоа, средбата со еден амбициозен и млад криминалец му ги менува плановите и тој започнува авантура како во деновите кога работел заедно со Санденс Кид.[2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Патување што се претвора во авантура“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 3.
  2. Антена, број 842, 15.8.2014, стр. 27.
  3. „Блекторн“, Антена, број 873, 20.3.2015, стр. 17.