Бледска тврдина
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Бледска тврдина Blejski grad | |
---|---|
![]() | |
![]() | |
Општи податоци | |
Град | Блед |
Земја | Словенија |
Бледска тврдина се наоѓа во градот Блед, во Словенија. Замокот бил изграден на врвот на 130 метри високата карпа над езерото Блед. Таа е една од најпосетените туристички атракции во Словенија. За првпат објектот се споменува во 1004 година, што го прави еден од најстарите во Словенија. Најстариот дел од замокот е романската кула. Во средниот век биле изградени повеќе кули. Другите згради биле изградени во барокниот период. Во горниот двор се наоѓа капела која била изградена во 16 век, а реновирана околу 1700.