Прејди на содржината

Бледнеечка гулапка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бледнеечка гулапка
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Гулапка
Вид: Бледнеечка гулапка
Научен назив
Russula decolorans
Fr., 1838

Бледнеечка гулапка (науч. Russula decolorans) — јадлива габа од родот гулапка (Russula) која расте и се наоѓа во групи во четинарни шуми. Една од најлесно идентификуваните европски Гулапка.Од Гулапкате кои поцрвенуваат или поцрнуваат.

Помеѓу гулапките со црвена или црна боја, бледеечката гулапка е прилично карактеристична, има обично портокалова до бакарно портокалова шапка, месото и стеблото му се со модринки и обезбојуваат во сива боја (без прво бојата да се промени во црвеникава), и се поврзува со четинари низ целиот континент.

Опис[уреди | уреди извор]

Шапката е кружна кога е млада, станува широко конвексна па рамна со централна вдлабнатина кога е стара. Кожичката е леплива на почетокот или кога е влажна, мазна и има бакарно- портоклова до обично портокалова боја, но повремено донекаде црвена, виолетова, или жолта, кожичката од маргините не се лупи лесно.

Шапката расте до 10 см. Месото е бело и цврсто, станува сиво до црно на пресек и кога старее. Има благ вкус. Спорите се бледо окер.

Ливчињата се закачени или споени многу малку до дршката, често чаталести во основата, на почетокот со бела до крем боја, подоцна стануваат жолтеникави со модринки и обезбојуваат полека во сива боја.

Дршката е долга од 4-12 см, со дебелина од 1-3 см со бела боја која станува сива со возраста или при ракување, мазна и доста цврста кога е млада.

Месото е цврсто, кај старите печурки е кревко, бело, посивува во воздухот, задржува сива боја при сушење. Мирисот е слаб и не карактеристичен, вкусот е сладок, а не горчлив.

Отпечатокот на спорите е со бледо жолта боја. Спорите се 8,5-14 × 6,5-12 микрометри, широко елипсовидни, шилести, со многу слаб ретикулум. Пилеоцистидиите се во форма на палка, не септирани или со една преграда.

Расте во лето и есен во микориза со четинари, често и во мочуришта расте сама, расфрлана или здружено, широко распространета во Северна Америка, Евроазија. Но е редок во многу земји и е наведен во локалните црвени листи на загрозени видови.

Користи[уреди | уреди извор]

Јадлива печурка[1] најчесто се собира за храна во Финска.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Phillips, Roger (2010) [2005]. Mushrooms and Other Fungi of North America. Buffalo, NY: Firefly Books. стр. 146. ISBN 978-1-55407-651-2.
  2. Ohenoja, Esteri; Koistinen, Riitta (1984). „Fruit body production of larger fungi in Finland. 2: Edible fungi in northern Finland 1976—1978“. Annales Botanici Fennici. 21 (4): 357–66. JSTOR 23726151.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Е. Гарнвајднер. Печурки и жаби од Британија и Европа . Колинс. 1994 година.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]