Блатен јарец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Блатен јарец
Male Ugandan kob - Queen Elizabeth National Park, Uganda (4).jpg
Мажјак
Женка со младо
(подвид K. k. thomasi, Уганда)
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Род: Блатни јарци
Вид: Блатен јарец
Биномен назив
Kobus kob
(Erxleben, 1777)
Подвидови
  • K. k. kob
  • K. k. thomasi
  • K. k. leucotis
Распространетост

Блатен јарец или коб (науч. Kobus kob) — вид антилопа распространета во Потсахарска Африка, од Националниот парк Гашака Гумти, Нигерија и дел од Сенегал во Јужен Судан. Има витка става и силно тело, а по боја е светлоциметна до кафеавоцрна, со бели дамки на лицето и на вратот и црни пруги на нозете. Мажјакот има прстенести рогови во облик на лира. Живее во густи стада, а мажјаците се борат за дел од земјата, т.н. лек, кој може да биде широк само 15 м. Победникот се пари со многу женки.

Во Уганда е застапен подвидот угандски блатен јарец (K. k. thomasi), кој важи за еден од државните симболи на земјата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IUCN SSC Antelope Specialist Group (2008). Kobus kob. Црвен список на загрозени видови на МСЗП. Верзија 2008. Меѓународен сојуз за заштита на природата. конс. 10 May 2008.  (англиски)