Блажо Чековиќ
Блажо Ацо Чековиќ ( 1920 во Кучевиште, Скопско — 1942 во Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во неговото село во 1941 година бил формиран, а и дејствувал Првиот скопски партизански одред. Од друга страна бугарскиот фашистички окупатор во овој крај спроведувал невиден терор. Затоа, кога бил повикан на отслужување на воениот рок во бугарската фашистичка армија, одлучил да стапи во партизански одред, меѓутоа не можел да се поврзе со партизаните. По шест месеци дошол на отсуство ѝ во почетокот на 1942 година на враќањето со воз за Бугарија, се симнал на Нишката железничка станица и по долги распрашувања се поврзал со партизаните. Учествувал во борбите на партизанскиот одред и се покажал како добар и совесен борец. Истата година храбро загинал, во борбите против Германците и домашните предавници. Бил закопан на местото каде што загинал.[1]