Блаже Тренески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Блаже Р. Тренески (12 октомври 1931, Врбјани) - македонски писател и собирач на народни творби.

Животопис[уреди | уреди извор]

Блаже Тренески е роден на 12 октомври 1931 година, во селото Врбјани, Дебрца, во земјоделско-печалбарско семејство.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Почетните книжевни творби на Тренески датираат од 1953 година, а позабележителен успех постигнал во 1974 година, со својата прва збирка поезија за деца, „Од виолината на штурчето“, издание на „Развиток“ од Битола. Една година подоцна, истиот издавач ја објавил неговата збирка со лирски народни песни од охридскиот крај, „Подгорум село собрано“, а во 1978 година се појавила уште една таква збирка, „Заѕвекоти герданчето“. Најпосле, во 1981 година, Тренески објавил уште една збирка со лирска народна поезија, „Стојна ситноода“, во издание на „Студентски збор“ од Скопје.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981.