Блаже Котларовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Податотека:Блаже-котларовски.jpg
Блаже Котларовски - Баги

Биографија[уреди | уреди извор]

Општествен деец од Ресен, кој го посвети својот живот и време на Фудбалот во Преспа и на Ресен и Преспа во целина собирајќи разни историографски материјали за неговиот роден крај. Подолго време спремаше Монографија за Ресен и фамилиите во Ресен која поради немање финансии остана необјавена.

Се пензионирал како економист во Министерството за труд и социјална политика ,одделение – Ресен. Неговиите најголеми љубови беа Ресен и фудбалот ,односно ФК-Преспа – Ресен.

Од областа на спортот има напишано три книги, истражувајки по материјали дошол до разни сознанија за Ресен. Првичната идеја за книгата била да се објасни и опише познатата Ресенска Чаршија, кои биле луѓето и занаетите сто ја сочинувале. Но, на крај победила идејата за целосно опфаќањје на Ресен почнувајќи од неговата богата историја, со краток историски преглед на настаните ,културата ,стопанството. Со собирање на материјали започнал 1999 година,а активмо и темелно работел пет години.Во собирањето на материјали му помогнал и професорот по историја Дејан Петровиќ кој е рецензент на монографијата.

Во книгата ,која ќе излезе на 300 страници и во исто толку примероци,ќе има фото материјали од најстарото училиште,некогаш сместено во Црквата Свети Ѓоргија – Ресен, како и најстарата фотографија која датира од 1896, а тогаш во Софија тројца ресенчани од фамилиите Тодорчевци, Кирјакоски, Котларовски.