Блаже Димитровски-Рогозинаро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Блаже Димитровски-Рогозинаро
Роден Блаже Димитровски
1904
Путурус
Починал 1942
Скопје

Блаже Димитровски-Рогозинаро (Путурус, 1904 - Скопје, 1942) — македонски партизан и деец на НОВМ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во 1904 година во битолското село Путурус, тогаш во Отоманското Царство. Отишол на печалба во Франција. Додека бил таму, ѝ се приклучил на Француската комунистичка партија. По окупацијата на Југославија, во неговиот стан се собрале и други партизани, како Мирче Ацев и Стефан Наумов. По формирањето на Пелистерскиот партизански одред влегува во него. Бил уапсен по престрелка со полицијата. Нему му било судено и во јуни 1942 година бил обесен во Скопје.[1]

Почести[уреди | уреди извор]

Во негова чест една улица во Битола го носи неговото име.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сојуз на борци на НОАВМ - Битола, Настани 1942 година, Архивирано од изворникот на 2011-07-22, Посетено на 19 март 2022
  2. „Блаже Рогозинарот“. Google maps. Посетено на 19 март 2022.