Бладрејн (филм)
| Бладрејн (филм) | |
|---|---|
Плакатот на филмот | |
| Режисер | Уве Бол |
| Продуцент |
|
| Сценарист | Гвиневер Тарнер |
| Заснован на | BloodRayne (франшиза) |
| Главни улоги |
|
| Музика | Хенинг Лонер |
| Кинематографија | Матијас Нојман |
| Монтажа | Дејвид М. Ричардсон |
| Студио |
|
| Дистрибутер | Boll KG Productions |
| Премиера | 23 октомври 2005 г. (кинофестивал Остин) 6 јануари 2006 г. (САД) 14 септември 2006 г. (Германија) |
| Времетраење | 95 минути |
| Земја | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | 25 милиони долари |
| Бруто-заработка | 3,7 милиони долари |
| Следен | Бладрејн 2: Ослободување |
Бладрејн (англиски: BloodRayne) — авантуристички филм од 2005 г. на режисерот Уве Бол, направен по мотиви на видеоиграта BloodRayne. Филмот добил шест номинации за наградата „Златна малина“.
Во 2007 г. излегло продолжението со наслов Бладрејн 2: Ослободување, во кое улогата на Рејн ја толкувала Натасија Малте. Во 2011 г., излегол третиот дел со наслов Бладрејн: Трет Рајх.
Содржина
[уреди | уреди извор]Сценариото практично нема никаква врска со изворниот материјал. Главниот лик на филмот е Рејн, ѓаволска мешавина од човечка и вампирска крв — дампирка. На дампирите не им влијае сончевата светлина и распнувањето и тие не бараат човечка крв (може да послужи секаква крв). Рејн е ќерка на кралот на вампирите Кеган, кој собрал војска робови (и луѓе и вампири) за да го уништи човештвото. Кеган ја силувал мајката на Рејн, а таа, уште како девојче, била сведок на жестокото убиство на нејзината мајка од негова рака.
Себастијан, Владимир и Катарина се членови на Друштвото Бримстоун — организација од луѓе што со векови се борат против вампирите. Слушајќи за дампирката, Владимир одлучува да ја ангажира во нивните редови, верувајќи дека само таа може да го убие Кеган.
Важен дел од заплетот е сосредоточен на три органи од древен вампир, кои можат да му дадат на секој вампир имунитет против неговите основни слабости: света вода (око), распнување (ребро) и сончева светлина (срце). Бидејќи Кеган сака да ги добие сите три органи за да стане непобедлив, јунаците мораат да го спречат.
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Кристана Локен | Рејн |
| Мишел Родригес | Катарина |
| Мајкл Мадсен | Владимир |
| Бен Кингсли | Кеган |
| Метју Дејвис | Себастијан |
| Мит Лоуф | Леонид |
| Вил Сандерсон | Домастир |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „BloodRayne“. Filmportal.de. Архивирано од изворникот на 16 септември 2017. Посетено на 3 јуни 2025.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- BloodRayne на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)