Благојка Демниева-Кузмановска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена 1920
Велес, Кралство Југославија
Починала Missing required parameter 1=month! 1999(1999-Missing required parameter 1=month!-00) (воз. Грешка во изразот: Недостасува операнд за < г.)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Занимање наставничка, комунистички деец и борка


Благојка Демниева-Кузмановска ( 1920 во Велес1999 во Скопје) — македонска наставничка, комунистички деец и борка.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Како студент на факултетот во Белград, била член на КПЈ (1940), МК на КПЈ и МК на СКОЈ во Велес (есента 1941 година). Во декември 1941 била уапсена од бугарската полиција и по иследување од шест месеци е интернирана во Златоград, Бугарија до почетокот на 1943 година. Во Велес повторно е уапсена и интернирана во женскиот логор „Св. Никола“ кај Асеновград, Бугарија. По краток престој на слобода, пак била уапсена и интернирана во селото Вршец кај Белогратчик во Бугарија, во периодот од април до август 1944 година. По ослободувањето веднаш се вклучила во НОАВМ. Била член на ОК на КПМ, на Првиот областен комитет на КПМ, Главниот одбор на АФЖ на Македонија, Главниот одбор на ССРНМ итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Демографско“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 451. (2009). Скопје: МАНУ.