Благоја Трајков
Благоја Јанков Трајков ( 1924 во Скопје — 1943 во Тетовско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште и поради материјални причини не можел да го продолжи учењето ѝ изучил занает. Веднаш по окупацијата на Македонија, организирано се вклучил во ослободителното движење. Учествувал во илегалните акции на младината во собирање на народна помош, што се испраќала за партизаните или се користела за издржување на илегалците, растурал летоци по скопските куќи и слично. Кон крајот на септември 1943 година стапил во Шарпланинскиот партизански одред. Пред самото негово доаѓање, главнината на Шарпланинскиот одред заминала за Дебарца, каде учествувале во формирањето на Првата македонско-косовска бригада. Бугарската фашистичка полиција преку еден шпион кој бил уфрлен во Шарпланинскиот одред, успеала да го опколи со многубројна војска, полиција и контрачетници. Во нерамномерна борба што потем се развила, изгинале многу борци меѓу кои бил и Благоја Трајков.[1]