Благоја Тапарчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Благоја Тапарчев

Благоја Нешов Тапарчев ( 1923 во Чучер, Скопско16 април 1945 во Будровци, Хрватска)[1]македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од многу сиромашно семејство. Откако го завршил основното училиште, се занимавал со земјоделство. По доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во овој крај, на 21 септември 1944 година стапил во третата чета на првиот баталјон на истата. Честопати доброволно учествувал во акциите против балистите и германските моторизирани колони, што се повлекувале низ Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија со Бригадата заминал за Војводина, каде учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Загинал на 16 април 1945 година во една битка за ослободување на Будровци. Посмртните останки му биле пренесени ѝ закопани во родното село.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стојановски, Бојко (1999). Скопско црногорие од Бразда до Брњарци. Скопје: Гоце Делчев. стр. 95. ISBN 9989-35-022-1. OCLC 58043012.
  2. 2,0 2,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 141. На |first= му недостасува |last= (help)