Благоја Крстов
| Благоја Крстов | ||
| Роден | 1923 година Прилеп, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 4 април, 1944 година Пробиштип, Царство Бугарија | |
Благоја Аризанов Крстов ( 1923 во Прилеп ― 4 април 1944 во Пробиштип) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Завршил основно училиште во Прилеп. Со своето семејство, во 1935 година, се доселиле во Скопје. Тука изучил занает и работел како бербер. Од 1943 година, тој бил поврзан со Народноослободителното движење. Отпрвин бил ангажиран со заднинска работа. Во јануари 1944 година, тој заминал во Кумановскиот партизански одред, а подоцна и се приклучил во Третата македонска ударна бригада. Во нејзиниот состав, тој учествувал во повеќе борби против окупаторите и домашните предавници. Во борбите, тој се истакнувал како мошне смел борец. На 4 април 1944 година, во победоносниот напад на Третата македонска ударна бригада за ослободувањето на Пробиштип, тој загинал.[1]