Благоја Кочовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Благоја Кочовски (17 февруари 1930 - 22 мај 2018) - професор, писател и собирач на народно творештво.

Животопис[уреди | уреди извор]

Благоја Кочовски е роден на 17 февруари 1930 г. во село Бабино, Демир Хисар. Основно училиште (до четврто одделение) учел во родното село, а седмолетка во село Доленци. Учителска школа завршил во Битола.

По отслужувањето на воениот рок работел како учител во битолското Добровени и демирхисарското село Жван, а во 1965 година како терапевт во Аудиолошкиот центар со деца и возрасни во Скопје. По дипломирањето на Филозовскиот факултет на катедрата за југословенска книжевност и македонски јазик во Скопје се вработил во гимназијата „Панче Арсовски“, каде останал да работи сè до пензионирањето. По пензионирањето се вратил во родното Бабино.

Литературна дејност[уреди | уреди извор]

Кочовски се занимавал со собирачка активност, и има собрано над 1000 страници народно творштво - приказни и песни. Тој е долгогодишен трагач по националните корени на својот народ, но и регистратор на многу вистински настани кои преку своето творештво ги оттргнал од заборав. Благоја Кочовски имал вонредно добро искуство на запишувач.[1]

Дела[уреди | уреди извор]

Благоја Кочовски ги објавил книгите:

  • „Пашапорт“ (1983);
  • „Земја за сонување“ (1989, книга посветена на корените на својата семејна лоза);
  • „Учителот Максим Попоски“ (2003 г. во соавторство со Добре Тодоровски);
  • „Откорнати“ (2005).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Од предговорот на Горјан Петревски, „Потресна хроника на еден живот“ во „Откорнати“, стр. 8, издавач: Македонска реч, 2005, ISBN 9989-163-08-1