Благоја Каскаров
Благоја Перов Каскаров ( 1922 во Мирковци, Скопско — 8 мај 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 20 септември 1944 година силни балистички сили од правецот на Качаник навлегувале во Скопска Црна Гора и често ги ограбувале селата Чучер, Бањани и Горњани. Тие денови стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која започнала огорчени борби против овие банди. Во тие битки активно учествувал и тој. По ликвидирањето на балистичките банди, во состав на Бригадата земал учество во завршните операции за ослободување на Југославија, како и во големиот пробив на Сремскиот фронт. Загинал на 8 мај 1945 година во битката за ослободување на Дуго Село. Бил закопан на борбената позиција.[1]