Благоја Илиевски - Гуне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Илиевски - Гуне
Роден 1922 година
Куманово, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Треска, Скопје, Македонија

Благоја Доцев Илиевски - Гуне ( 1922 во Куманово1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште, станал општ работник, а подоцна се вработил како мелничар. Во Куманово се поврзал со напредната младина. Во неговиот дом често се одржувале илегални состаноци на кои се подготвувале младинците за стапување во партизанските редови. Во септември 1944 година стапил во Единаесеттата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во борбите против окупаторот кај Страцин. Подоцна бил префрлен во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во борбите кај Велес и на терените на Скопје. бил пушкомитралезец и се покажал како вешт и смел борец во извршувањето на поставените борбени задачи. Кон крајот на октомври 1944 година, храбро загинал во борбата против балистичките банди во близина на Треска.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 194–195. На |first= му недостасува |last= (help)