Благоја Димитровски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Благоја Тошев Димитровски ( 1916 во Скопје16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а потем го изучил механичарскиот занает. По ослободување на Скопје, стапил во составот на XV македонски корпус и заминал за Срем, каде што во жестоките и тешки борби се прославиле борците од македонските дивизии. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Со својата Бригада пристигнале до Врпоље. Меѓу првите се пробил во градот, точно кога Германците се повлекувале, приклештен од огнот во уличните борби во овие судири храбро загинал на 16 април 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 55. На |first= му недостасува |last= (help)