Благоја Јовески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Јовески
Роден 1923 година
Бигор Доленци, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Сремски фронт, Хрватска
Националност Македонец

Благоја Силјанов Јовески ( 1923 во Бигор Доленци, Кичевско1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал можност да го продолжи своето образование, се занимавал со земјоделство. Определен за борба против окупаторот се приклучил во редовите на Седмата бригада. Учествувал во завршните борби во Македонија, а потоа заминал на Сремскиот фронт каде загинал во борба со Германците во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 70.