Благословете ја жената
„Благословете ја жената“ (руски: Благословите женщину) – филм на режисерот Станислав Говорухин од 2003 година. Автор на сценариото, засновано врз романот на Ирина Грекова, е Владимир Валуцки, а главните улоги ги играат: Светлана Ходченкова, Александар Балуев, Ирина Купченко, Ина Чурикова и Олга Берјозкина.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Филмот зборува за пријателството, загубата, преживувањето, верноста и безусловната љубов со која се благословени само ретките. Дејствието на филмот започнува во едно село на морскиот брег, непосредно пред Втората светска војна. Младата девојка Вера се заљубува во постариот офицер Ларичев кој е дојден во посета на селото. Таа го напушта домот и семејството за да живее со него, по цена на честите преселби по воените бази. Наспроти тешкиот војнички живот и военото време, нејзината љубов кон сопругот воопшто не се намалува...
Наводи
[уреди | уреди извор]- Руски филмови
- Љубовни филмови
- Филмови од 2003 година
- Филмови на руски јазик
- Филмови засновани на романи
- Филмови чие дејствие се одвива во Русија
- Филмови на Станислав Говорухин
- Филмови со Олга Берјозкина
- Филмови со Ина Чурикова
- Филмови со Ирина Купченко,
- Филмови со Александар Балуев
- Филмови со Светлана Ходченкова