Благородна Маркова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благородна Маркова
Blagorodna Markova.jpg
Родена 14 март, 1927 година
Тетово, Македонија
Починала 1944 година
Тетово, Македонија
Заробена, мачена, па убиена - телото никогаш не и било пронајдено
Националност Македонка

Благородна Панова Маркова (14 март 1927 во Тетово1944 во Тетово) — македонска партизанка, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од градско работничко семејство. Завршила основно училиште, а подоцна работела како плетачка. Од 2 ноември 1942 година се преселила во Скопје. По доаѓањето во Скопје учествувала во илегалното движење против окупаторот, особено во собирање материјална помош и опфаќање нови младинци за борба против окупаторот. На 14 август 1944 година заминала во партизани, а подоцна стапила во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Се истакнала со својата храброст во борбите против балистите и Германците, на падините на Скопска Црна Гора. Во борбите што се воделе во Тетово, иако партизаните ги разбиле балистичките банди, била заробена и ѕверски убиена. Телото не и било пронајдено.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 212–213. На |first= му недостасува |last= (help)