Благица Поп Томова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благица Поп Томова
Благица Поп Томова
Животописни податоци
Роден(а)1977
Штип, СФР Југославија
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровиопера
Занимањасопран
Инструментивокал

Благица Поп Томова е родена во Штип во 1977 година. Средно музичко училиште завршила во Скопје (1991-1995) година, отсек соло пеење кај проф. Марија Николовска. Дипломирала на Музичката Академија во Скопје во класата на проф. Билјана Ј. Јовановска и кај истата магистрирала 2012 година.

Покрај редовната настава таа посетувала повеќе професори по соло пеење како во Македонија така и надвор од неа: (проф. Артуро Серџи, Лорус Гаи, Џејмс Ломис, Гондола Новак, Курт Рафт, Толандро Русо).

Има настапувано со оркестарот во Алтенбург, Германија, оркестарот на Македонската Филхармонија, мал камерен оркестар во Париз, Франција, денови на Македонската музика, Штипско културно лето, Скопско културно лето, Охридско културно лето, прва изведба на Вагнер со Македонската Филхармонија - диригент Тим Тчашел 7 декември 1998 година, Мај 28-ми 1999 година.

Дебитирала на макадонската оперска сцена на 27-те Мајски оперски вечери со малата улога Инес во операта Трубадур. Во 2001 година веќе е член на Македонска опера и балет со главните улоги во оперите: Кавалерија Рустикана, Кармен, Тоска, Турандот.

Следната година станала редовен член на Македонска опера и балет како солист на главни улоги: Сантуца - Кавалерија Рустикана, Микаела - Кармен, Тоска - Тоска, Мадам Главари - Веселата Вдовица, Лиу - Турандот, Дона Ана - Дон Жуан, Евридика - Орфеј и Евридика, Силва Вареску - Војвотката на Чардшот, Виолета Главари - Травијата.

Во 2009 година станала асистент по соло пеење на Универзитет „Гоце Делчев“ во Музичката Академија во Штип и работи со студентите на кои им го пренесува стекнатото знаење и искуство по соло пеење.

Како активен уметник следат настапи на Дубровачки Вечери со гала оперски концерт во Дубровник, како и редовните претстави во Операта во Скопје, припрема на улогата Маргарита од операта Фауст.[1]

Позначајни концерти[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Благица Поп Томова – Национална опера и балет“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-01-22. Посетено на 2021-01-15.