Благица Дафовска
| Благица Николовска Дафовска | ||
| Родена | 24 јули 1946
Бабино, НР Македонија, ФНРЈ | |
|---|---|---|
| Занимање | поет и раскажувач | |
Благица Николовска Дафовска (Бабино, 24 јули 1946 ) — македонски поет и раскажувач.
Животопис
[уреди | уреди извор]Дафовска е родена во село Бабино, Демирхисарско на 24 јули 1946 година. Од 1952 до 1970 година живее во Битола каде завршила средно образование во гимназијата „Браќа Миладиновци”, а потоа дипломирал на Педагошката академија, група македонски и српско-хрватски јазик и југословенска литература. По завршувањето на студиите извесно време работела како наставник во селата Цапари, Ѓавато и Рамна. Во 1970 година, таа се иселила во Канада, каде основала семејство и мајка е на три деца. Од 1975 до денес работи како наставник по македонски јазик во училиштето за дополнителна настава при МПЦО „Св. Климент Охридски“ во Торонто. Дафовска е многу активен член во културниот и општествениот живот во Торонто. Нејзини песни се објавувани на страниците на весниците „Наше новине“, „Духовна искра“, „Македонски збор“, „Македонија“. и други. Била водител на многу културни манифестации во Торонто. Таа е прв претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во Торонто.[1] Добитник е на многубројни награди и признанија меѓу кои и од „Обединети Македонци“ од Торонто.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Насевски, Бошко; Ангелова, Дора. Геровска, Драгица (1995). Македонски Иселенички Алманах '95. Скопје: Матица на Иселениците на Македонија.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Уметници од Македонија во светот -Благица Дафовска“. Архивирано од изворникот на 2016-08-28. Посетено на 2016-02-27.