Биљбиљ

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Биљбиљ
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Ѕвингалки
Род: Carduelis
Вид: Биљбиљ
Биномен назив
Carduelis carduelis
(Linnaeus,1758)
Carduelis carduelis carduelis
1 лето 2 цела година
Carduelis carduelis caniceps
3 лето 4 цела година

Биљбиљ или трнарче, каденче (Carduelis carduelis), е мала врапчевидна птица од фамилијата ѕвингалки. Го има и во Македонија.

Таксономија и систематизација[уреди]

Овој вид се дели во две големи групи кои содржат по неколку раси.

Carduelis carduelis carduelis група
Carduelis carduelis caniceps група
  • Carduelis carduelis caniceps јужниот дел на централна Азија;
  • Carduelis carduelis paropanisi Авганистан до западните Хималаи и Тјеншан;
  • Carduelis carduelis subulata јужниот дел на централен Сибир.

Карл Лине ја класифицирал птицата како Fringilla carduelis.

Филогенијата сме ја добиле од Антонио Арнаиз-Вилена.[2][3][4][5][6][7][8]

Опис[уреди]

Просечниот биљбиљ е 12-13 см долг, со распон на крилјата од 21-25 см и тежина од 14 до 19 грама. Половите се во голема мерка слични, со црвено лице, црна и бела глава, топла кафеава боја на горните делови, бели одоздола, со окер делови на слабините и градите, и црни и жолти крилја. Мажјаците имаат малку потемна црвена маска на лицето која се протега веднаш зад окото, а кај женките таа не допира до окото. Клунот е со боја на слонова коска, долг и заострен, а опашката е чаталеста. Возрасните во сезона на размножување имаат бел клун, а сивкава или црна точка на врвот во останатиот дел од годината. Младенчињата имаат обична глава и сивкав грб, но се непогрешливи поради жолтите шари на крилјата. Птиците во централна Азија (caniceps групата) имаат обиченна светла глава зад црвеното лице, без црно и бело на главата како европските и западноазиските птици.[9][10]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Природната распространетост на биљбиљот е Европа, Северна Африка, и западна и централна Азија. Се среќава во отворена, делумно пошумена земја и е постојан жител во поблагите делови, западно од својот опсег, но се доселува таму од постудените региони. Може да се случи да направи локални движења за да избегне лоши временски услови. Од Европа, биљбиљот е населен во многу области на светот.[11] Во 19 век е воведен во многу области на југоисточна Австралија и веднаш се одомаќинил и проширил.[12]

Однесување[уреди]

Carduelis carduelis2.jpg
Гнездо со јајца

Биљбиљот најмногу сака да јаде мали семиња од разни трње, но се храни и со инсекти кога ги одгледува младенчињата. Јаде од понудената храна од луѓето преку зима.

Гнезди во надворешните гранки на високите лиснати дрвја, или дури и во бамбус, каде снесува 5-6 јајца, што ќе се изведат по 11-14 дена.

Во зима, се собираат во групи формирајќи јато кое брои над 40 птици.

Песната на биљбиљот е пријатно нежно чрчорење. Повикот е мелодично тикеЛИТ и песната е пријатен ѕвонлив сплет на треперења и чрчорења, но секогаш вклучувајќи ја и трисилабичната фраза или тиЛИТ-тиЛИТ-тиЛИТ.

Во минатото овие птици ги чувале во кафез заради нивното пеење. Бегањето од заробеништво, како и намерното пуштање доведе до колонизација на југоисточниот дел на Австралија и Нов Зеланд.

Овие птици се привлечени во дворовите на куќите во Европа и Северна Америка од хранилките за птици во кои ставаат висококвалетни, хранливи семиња.

Односи со луѓето[уреди]

Carduelis carduelis caniceps во кафез

Биљбилите се чуваат во кафез заради нивниот убав изглед и пријатно пеење. Понекогаш луѓето мажјакот го вкрстуваат со женка од фамилијата на канаринците за да направат птица со најубави пејачки способности.

Мадона на биљбиљот од Рафаел, (1505-1506)

Бидејќи ги јаде семињата од трњето, во христијанската симболика тој е поврзан со круната од трње на Исус Христос. Биљбиљот се појавува на слики со Богородица и младиот Исус, претставувајќи го како презнаењето што го имале тие за распнувањето. Таква е сликата на Рафаел Madonna del cardellino или Мадона на биљбиљот, насликана 1505-1506 г. во која Јован Крстител му го подава биљбиљот на Исус како предупредување за неговата иднина.

Во сликата на Федерико Барочи Светото семејство биљбиљот го држи Јован Крстител надвор од дофатот на заинтересираната мачка.

Во сликата, пак, на Чима да Конелијано Мадона и дете, биљбиљот мавта во раката на детето Христос. Биљбиљот, исто така, симболизира издржливост, плодност и упорност. Затоа што тоа симболизира страст, се смета за "спасител" и може да се наслика со мува (која означува грев и болест).[13] Биљбиљот се поврзува и со свети Јероним (преведувачот на Библијата од 4 век), и се појавува во некои негови претстави.[13]

Антонио Вивалди компонирал концерт во д-дур за флејта "Il Gardellino" (Р.В. 428, Оп 10 бр 3), каде што пеењето на биљбиљот се имитира од страна на флејтата.


Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Carduelis carduelis. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106008832. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. Zamora, J; Moscoso J, Ruiz-del-Valle V, Ernesto L, Serrano-Vela JI, Ira-Cachafeiro J, Arnaiz-Villena A (2006). „Conjoint mitochondrial phylogenetic trees for canaries Serinus spp. and goldfinches Carduelis spp. show several specific polytomies“. „Ardeola“ 53 (1): 1–17. http://www.ardeola.org/files/1260.pdf. 
  3. Arnaiz-Villena, Antonio; Alvarez-Tejado M., Ruiz-del-Valle V., García-de-la-Torre C., Varela P, Recio M. J., Ferre S., Martinez-Laso J. (1998). „Phylogeny and rapid Northern and Southern Hemisphere speciation of goldfinches during the Miocene and Pliocene Epochs“. „Cell.Mol.Life.Sci.“ 54 (9): 1031–41. doi:10.1007/s000180050230. PMID 9791543. http://chopo.pntic.mec.es/biolmol/publicaciones/goldfinches2.pdf. 
  4. Arnaiz-Villena, A; Gómez-Prieto P, Ruiz-de-Valle V (2009). „Phylogeography of finches and sparrows“. „Nova Science Publishers“. ISBN 978-1-60741-844-3. https://www.novapublishers.com/catalog/product_info.php?products_id=13642. 
  5. Zamora, Jorge; Lowy E, Ruiz-del-Valle V, Moscoso J, Serrano-Vela JI, Rivero-de-Aguilar J, Arnaiz-Villena A (2006). „Rhodopechys obsoleta (desert finch): a pale ancestor of greenfinches according to molecular phylogeny“. „J Ornithol“ 147 (3): 448–56. doi:10.1007/s10336-005-0036-2. 
  6. Arnaiz-Villena, A.; Moscoso, J.; Ruiz-del-Valle, V.; Gonzalez, J.; Reguera, R.; Wink, M.; and Serrano-Vela, J. I. (2007). „Bayesian phylogeny of Fringillidae birds: status of the singular African oriole finch Linurgus olivaceus and evolution and heterogeneity of the genus Carpodacus“. „Acta Zoologica Sinica“ 53 (5): 826–834. http://chopo.pntic.mec.es/biolmol/publicaciones/bayesian.pdf. конс. 14 декември 2009. 
  7. Arnaiz-Villena, A; Moscoso J, Ruiz-del-Valle V, González J, Reguera R, Ferri A, Wink M, Serrano-Vale JI (2008). „Mitochondrial DNA Phylogenetic Definition of a Group'of "Arid-Zone" Carduelini Finches“. „The Open Ornithology Journal“ 1: 1–7. doi:10.2174/1874453200801010001. http://chopo.pntic.mec.es/biolmol/publicaciones/Arid.pdf. 
  8. Arnaiz-Villena A, Ruiz-del-Valle V, Moscoso J, Serrano Vela JI, Zamora J. (2007). „mtDNA phylogeography of North American Carduelis pinus group of birds“. „Ardeola“ 54: 1–14. http://www.ardeola.org/files/1298.pdf. конс. 20 јули 2010. 
  9. Clement, P., Harris, A., & Davis, J. (1993). Finches & Sparrows. Christopher Helm. ISBN 0-7136-8017-2.
  10. Svensson, L. (1992). Identification Guide to European Passerines. ISBN 91-630-1118-2.
  11. Snow, D. W. & Perrins, C. M. (1998). The Birds of the Western Palearctic concise ed. Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X.
  12. http://www.birdlife.org.au/bird-profile/european-goldfinch Birdlife.org.au
  13. 13,0 13,1 Werness, Hope B. (2007). „Animal Symbolism in World Art“. Continuum. ISBN 0-8264-1913-5. 

Надворешни врски[уреди]