Битолски земјотрес 1994

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битолски земјотрес 1994
Датум 1 септември 1994
Магнитуда 5.2 Mw
Епицентар Битола
Зафатени земји/подрачја Македонија Македонија
Жртви 10 повредени

Битолскиот земјотрес во 1994 година беше земјотрес кој ја зафати Битола и околината на југозападниот дел на Македонија, на 1 септември 1994 година. 10 лица беа полесно повредени, додека во градот беа уништени фасади и покриви на некои постари градби. Земјотресот, кој имаше магнитуда од 5.2 степени беше со епицентар во близина на Битола, околу 60 милји јужно од Скопје. Неколку постари згради беа исто така оштетени и во Кавадарци, кој е оддалечен 10 милји од Битола. Помали потреси биле почуствувани и во Демир Хисар, Ресен и Охрид.

Земјотресот беше почуствуван и во соседните Бугарија и Грција.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Сотир Пановски (уредник), „Земјотресот во Битола од 1 септември 1994: зборник на трудови од научнопопуларната трибина одржана на 27 септември 1996 година во Битола“, Битола, 1996.