Битолска артилериска бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битолска артилериска бригада
Активна15 ноември 1945
ЗемјаМакедонија
Видартилерија
Големина742 борци
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Битолска артилериска бригада — бригада на НОБ во Македонија.[1]

Историјат[уреди | уреди извор]

Формирање

Бригадата е формирана на 15 ноември 1945 година од стран на Александар Коневски. Таа била во составот на 49 македонска дивизиј со две хаубици од 105 мм, кои биле запленети од Бугарите кога се повлекувале по капитулацијата на Бугарија.[1]

Историјата на бригадата е нешто побогата. По борбите за Прилеп на 9 септември биле запленети 2 хаубици и 100 парчиња муниција, како и 7 7 кола за воена комора и 22 коња. Тогаш се формирала батерија во Ропотово и на 17 сетптември заминала за Зајас каде била во составот на 48 македонска дивизија. Батеријата имала 80 борци. Понатака, батеријата била прекомандувана во Крушево и била раководена од Александар Коневски, со Блаже Стефановски како политички комесар. По ослободуањето на Прилеп батеријата влегла во градот и заминала за Битола.[1]

Битки и управа

Командант на Битолската артилериска бригада бил Александар Коневски, полтички комесар бил Блажо Стефановски, негов заменик бил Радомир Буручиковиќ и началник на штабот бил Вангел Богдановски.[1]

Бригдата имала 742 борци и била составена од артилериски одделенија на 48 и 49 македонска дивизија. Во Битола било вршено моболизација на нови борци и за нејзините потреби било прибрано ново оружје, најчесто трофејно. На 6 декември бригадата била испратена во Скопје. Во Скопје, заедно со оснатите артилериски бригади, била создадена Првата македонска артилериска бригада.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 156-157

Поврзано[уреди | уреди извор]