Битка на Термопилите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка на Термопилите
Дел од Грчко-персиски војни
Thermopylae ancient coastline large.jpg
Местото на битката денес
Датум 20 август[1] or 8–10 септември,[2] 480 г. п.н.е.
Место Термопили, Грција
Исход Персиска Империја a[›]
Територијални
промени
Персијците добиле контрола врз Беотија
Завојувани страни
Античка Грција Персиска Империја
Команданти и водачи
Крал Леонид I ,
Демофил 
Крал Ксеркс I,
Мардониј,
Гидарн II
Сила
Вкупно
5,200+ (Херодот)
7,400+ (Диодор Сицилиски)
11,200 (Павсаниј)
7,000–20,000 [3][4]
70,000–300,000 b[›]
2,500,000 (Херодот)[5]
Жртви и загуби
4,000 (Херодот)[6] ~20,000 (Херодот)[7]
Битка на Термопилите се наоѓа во Грција
Местото на битката

Битката на Термопилите (на грчки: Μάχη τῶν Θερμοπυλῶν, Machē tōn Thermopylōn) се водела помеѓу сојузот на грчките градови-држави, предводени од кралот Леонид I на Спарта, и Персиската Империја на Ксеркс I во текот на три дена, за време на втората персиска инвазија на Грција. Битката се одвивала кај Термопилите во централна Грција, во август 480 година п.н.е. Грците биле бројно многу послаби, но успеале да ги задржат Персијците три дена, со што добиле доволно време за евакуација на Атина и подготвување на посилна армија. Војниците под водство на спартанскиот крал Леонид го блокирале единствениот пат по кој војската на Ксеркс I можела да помине. По освојувањето на Термопилите, Персијците биле во можност да ја контролираат областа до Коринт, а посебно им овозможило да ја нападнат Атина. Иако победиле, Персијците претрпеле губитоци. Оваа битка е дел од Грчко-персиските војни.

Историска позадина[уреди | уреди извор]

Карта на речиси сите делови од античка Грција кои учествувале во персиските војни.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Херодот.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Грчко-персиски војни.

Главен извор за Грчко-персиските војни е грчкиот историчар Херодот. Сицилијанскиот историчар Диодор Сицилиски, кој ја пишувал во 1 век п.н.е. својата Историска библиотека, исто така зборува за грчко-персиските војни, делумно преземајќи ги од својот претходник, грчкиот историчар Ефор.[8] Грчко-персиските војни биле исто така опишани од голем број други антички историчари, иако со помалку детали.

За Битката на Термопилите постојат два основни извори кои преживеале, на Херодот и на Симонид од Кеја.[9] Од двата извори, поважно е пишувањето на Херодот за оваа битка, во Книга VII од неговата Историја.[10]

Персискиот цар Ксеркс I со години се подготвувал да ја продолжи војната против Грците, што ја започнал неговиот татко Дариј I. Донесол огромна војска и морнарица во Мала Азија во 484 година п.н.е. Направил мост од бродови за да може војската да ги мине Дарданелите и да навлезе во Европа.[11] Според Херодот, војската на Ксеркс била толку бројна, што откако пристигнале на бреговите на реката Ехеидор, неговите воиници пиејќи вода од реката - ја пресушиле. Соочени со овој неверојатен број на неријателски војници, многу од грчките градови се предале.[12]

Оние кои решиле да се спротивстават на Персијците, формирале сојуз од грчки градови-држави под водство на Спарта, која имала најдобро обучени и опремени војници воцела Грција. Атињаните, на пример, имале недостаток од човечка сила што би се борела на копно и море, што значело дека требало да се здружат со другите градови-држави. Во 481 година п.н.е., Ксеркс испратил амбасадори низ Грција со барањето „земја и вода“, но ги прескокнал Атина и Спарта.[13] Здружените градови-држави одржале „конгрес“, на кој Темистокле ја предложил следнава стратегија: ако војската на Ксеркс минува низ јужна Грција (Беотија, Атика и Пелопонез), ќе мора да мине низ теснецот на Термопилите, кој лесно може да се блокира и покрај огромниот број на персиски војници.[14]

Текот на битката[уреди | уреди извор]

Карта на која се прикажани грчкото и персиското движење

Персиската војска бавно напредувала преку Тракија и Македонија. Персијците конечно влегле во Грција во август[15] Во овој период од годината, Спартанците го славеле празникот Карнеи, а воените активности со закон биле забранети за време на овој празник. Поради ова, Спартанците предоцна пристигнале на Маратонската битка.[16] Исто така, тоа било период во кој се одржувале Олимписките игри.[16][17] Леонид тргнал против Персијците со само 300 мажи, сите дел од кралската гарда,[18] како претходница, додека да се соберат останатите грчки војници, и додека да пристигне главнината на спартанската војска.[17]

Лгендата за оваа битка, онака како што ја раскажал Херодот, вели дека Спартанците претходно се советувале со пророкот на Делфи. Херодот ни кажува дека Леонид заради пророштвото, знаел дека оди во сигурна смрт, и посебно дека неговите војници не ги очекува победа, па затоа ги избрал оние Спартанци кои веќе имале потомство.[18]

Леонидас одбрал да се стационираат во делот наречен „средна врата“, најтесниот дел на Термопилите, каде Фокијците претходно изградиле одбранбен ѕид.[19] Кон средина на август, персиската војска се појавила кај Малајскиот Залив приближувајќи се кон Термопилите.[20] Тогаш Грците свикале советување.[21] Луѓето од Пелопонез предложиле да се блокира преминот кон Пелопонез.[21] Фокијците и Локријанците, чии градови биле поблиску, советувале да се испрати поголема војска на Термопилите. Леонид смирувајќи ја паниката кај другите, се согласил да ги брани Термопилите.[21] Соред Плутарх, кога некој од војниците се пожалиле дека „од персиските стрели, не се гледа сонцето“, Леонид одговорил: „Нели ќе биде тоа добро, ако се бориме во ладовина?“[22] И Херодот пишува за сличен коментар, но вели дека тоа го кажал Диенекиј.[23]

Ксеркс испратил емисари да се спогодат со Леонид. На Грците им било понудено дека ќе бидат слободни и прогласени за „пријатели на Персијците“, како и можност да се населат на подобра земја од таа што ја поседуваат.[24] Кога Леонид ги одбил овие услови, амбасадорот ја покажал пишаната порака од Ксеркс, во која се барало да се предаде. Познатиот одговор на Леонид е: „Дојдете и земете си“.(Μολὼν λαβέ).[25] Откако персискиот пратеник се вратил со празни раце, битката била неизбежна. Ксеркс чекал четири дена, претпоставувајќи дека Грците ќе си заминат, а потоа ја испратил војската во напад.[26]

Спротивставени сили[уреди | уреди извор]

Персиска војска[уреди | уреди извор]

Бројот на војници што Ксеркс ги собрал против Грција е предмет на бескрајна дебата, во најголем дел меѓу античките историчари, кои запишале различни бројки, и денешните историчари, кои претпоставуваат дека се работело за многу помал број. Херодот тврди дека вкупно биле 2,6 милиони воен персонал, придружени од ист број на придружен персонал.[27] Поетот Симонид од Кеј, кој бил современик на настаните, зборува за четири милиони; Ктезиј ја дава бројката од 800.000 вкупен број на војската на Ксеркс.[28]

Научниците денес ги негираат овие бројки дадени од Херодот и од другите антички извори како нереални,[29] и сметаат дека бројката се движела меѓу 70.000 и 300.000.[30]b[›] Ваквата бројка е добиена од изучување на можностите на Персијците од тоа време. Кој и да е бројот на војници на Ксеркс, јасно е дека тој сакал да победи, заради што собрал огромен број на војници.[31] Така, бројот на персиски војници што се бореле кај Термопилите не е познат. Меѓу другото, не е познато ни дали целата персиска војска се движела во правец на Термопилите, или пак Ксеркс оставил војска во Македонија и Тесалија.

Грчка војска[уреди | уреди извор]

Според Херодот[32][33] и Диодор Сицилиски,[34] грчката војска била состаена од:

Група Бројност – Херодот Бројност – Диодор Сицилиски
Спартанци/
Периеци
900?[35] 1.000
(вклучувајќи 300 Спартанци)
Спартанци 300[35]
Мантинејанци 500 3.000
(други Пелопонезијанци испратени со Леонид)
Тегејанци 500
Аркадијци 120
други Аркадијци 1.000
Коринтјани 400
Флиунтци 200
Микенци 80
Вкупно од Пелопонез 3.100[32] или 4.000[36] 4.000 or 4.300
Теспијанци 700
Малијци 1.000
Тебијанци 400 400
Фокијци 1.000 1.000
Опунти Локријанци „Сè што имале“ 1.000
Вкупно 5.200 (or 6.100) вклучувајќи ги Опунти Локријанци 7.400 (or 7.700)

Стратегија[уреди | уреди извор]

Карта на битката.

Од стратешка гледна точка, Грците ги користеле своите сили на најдобар можен начин при одбраната на Термопилите[37] при што не морале да напаѓаат, туку само да се бранат, а малиот број на војници не бил пресуден.[37] Од друга страна, Персијците имале проблем со снабдување на огромната војска, па не смееле да останат на исто место долго време.[38] Персијците, според ова, требало или да се повлечат или да напредуваат.[38]

Тактички гледано, битката на Термопилите била идеална за грчкиот начин на борба.[37] Лесно можеле да го блокираат тесниот премин, а најголемата опасност за Грците била можноста да бидат опколени.

Топографија на бојното поле[уреди | уреди извор]

Карта на областа кај Термопилите

Се вели дека во тоа време, преминот кај Термопилите бил толку тесен, што можела да помине само една воена кола.[19] Всушност, преминот бил широк 100 метри, што е веројатно пошриоко одошто Грците можеле да го одбранат од персиските хорди. Теренот сепак не бил добар за Ксеркс и неговата војска. Иако потекнуваат од планинска земја, Персијците не биле подготвени за теренот на земјата што ја освојувале. Од една страна било морето, а од друга непробојните висини, кралот Леонид и неговите војници ја одбрале најдобрата топографска позиција за битка со персиските освојувачи.[39]

Денес, Термопилите не се блиску до морто, туку се на неколку километри подалеку, поради седиментација на Малајскиот Залив, а низ теснецот минува автопат. Во тоа време, теснецот бил широк 100 метри, а морето удирало на карпите: „Денес посетителите на теренот можат да ја замислат битката што се одвивала наспроти споменикот.“[40] Теснецот е сè уште одбранбена позиција против војска, а Британскиот Комонвелт во текот на Втората светска војна на истото место ја водел одбраната во 1941 против нацистичката инвазија.

  • Карти на областа:[41][42]
  • Слика на бојното поле, од исток[43]

Битката[уреди | уреди извор]

Прв ден[уреди | уреди извор]

Грчките трупи based on sources from the Проектот Персеј

Првиот ден по пристигнувањето на Персијците на Термопилите, и првиот ден од битката, Ксеркс наредил напад. Прво наредил 5.000 стрелци да исфрлат стрели, но тие не биле ефективни, бидејќи се наоѓале на повеќе од 90 метри оддалеченост, на што укажуваат и денешните научници. Потоа, Ксеркс испратил сила од 10.000 Медијци и Хузестанци за да фатат жив заробеник и да му го донесат.[26][44] Персијците напаѓале во неколку наврати,[26] но Грците се наоѓале во најтесниот дел од теснецот, со што им оневозможиле на Персијците да нападнат реално со голем број на војници.[45][46] Деталите за употребената тактита се оскудни. Диодор запишал дека „мажите стоеле рамо до рамо“, како и дека Грците биле „похрабри и со поголеми штитови“.[47] Херодот пишува дека единиците на сите градови се држеле еден до друг, ротирале внатре и надвор од битката за да не се изморат, со што се укажува дека Грците имале повеќе војници отколку што било потребно за да го блокираат теснецот.[48] Грците убиле многу Медијци, поради што Ксеркс станувал трипати од местото каде што седел и ја набљудувал битката.[49] Според Ктезиј, првиот бран од нападот бил сосема одбранет, а меѓу Спартанците имало само двајца или тројца жртви.[28]

Соред Херодот и Дијодор, персискиот крал откако ја видел силата на непријателот, ги испратил своите најдобри трупи во втор напад истиот ден, Бесмртните, елитна група од 10.000 мажи.[47][50] Сепак, Бесмртните не поминале подобро од Медијците.[50] Спартанците користеле добра тактика, па успевале да ги убијат непријателите.[50]

Втор ден[уреди | уреди извор]

Вториот ден, Ксеркс повторно испратил пешадија во напад, „претпоставувајќи дека непријателот, бидејќи е малуброен, сега е оневозможен поради повредите, и не може за долго да пружа отпор“.[49] Но, Персијците немале успех ни вториот ден.[49] Ксеркс го прекинал нападот и се повлекол во кампот сосема збунет.[28]

Но, подоцна во текот на истиот ден, додека персискиот крал размислувал што да стори, му дошол еден Трахинец по име Ефијалт, кој го известил за планинскиот пат околу Термопилите, и кој се понудил да ја води персиската војска.[51] Ефијалт очекувал награда за оваа своја постапка.[51] Поради оваа постапка на Ефијалт, неговото име станало симбол за предавник во грчкиот јазик.[52]

Херодот известува дека истата вечер Ксеркс го испратил неговиот командант Хидарн со група Бесмртни, за да ги обиколат Грците. Бесмртните се убиени во првиот ден, па можно е дека Хидарн ги предводел оние војници од Бесмртните кои останале живи, а според Диодор, Хидарн предводел 20.000 војници на оваа мисија.[53]

Трет ден[уреди | уреди извор]

Леонид на Термопилите, слика на Жак-Луј Давид, 1814 година.

Во зората од третиот ден, Фокијанците кои го чувале преминот над Термопилите, ја виделе персиската војска покриена со дабови лисја.[54] Хидарн ги здогледал исто така, и се уплашил дека се тоа Спартанци, но Ефијалт го информирал дека не се.[54] Фокијците се повлекле до блискиот рид, подготвувајќи се за одбрана.[54] Персијците испукале плотун од стрели врз нив, а потоа продолжиле кон главната грчка војска.[54]

Леонид дознал дека Фокијците не го заштитиле преминот, па го свикал советот.[55] Според Диодор, Персијците го испратиле Тирастид да ги предупреди Грците.[56] Некои од Грците сакале да се предадат, но Леонид решил да остане во теснецот со Спартанците,[55] велејќи им на другите да си заминат ако сакаат. Многумина од војниците избегале, но околу две илјади војници останале да се борат. Сфаќајќи дека се ближи крајот, Грците се појавиле на отворено бојно поле и се соочиле со Персијците. Многумина од Грците тогаш решиле да избегаат, со или без одобрување на Леонид (Херодот признава дека постојат несогласувања околу ова).[55][57] Група од 700 Теспијанци, предводени од нивниот генерал Демофил, не заминале, и останале да се борат.[58] Исто така останале да се борат 400 Тебанци, и Илоти заедно со Спартанците.[59]

Она што потоа го презел Леонид, е предмет на бројни дискусии. Од една страна се вели дека Спартанците го почитувале законот да не се предадат, а од друга страна изгледа дека не можеле да избегаат од Термопилите, со што се засилува впечатокот дека тие никогаш не отстапуваат.[60] Исто така, можно е дека Леонид се сетил на зборовите на пророштвото, па се помирил со тоа да го жртвува својот живот, со цел да ја спаси Спарта.

Најверојатната теорија за тоа што се случило е дека Леонид решил да формира заштитна група, за да можат останатите Грци да се повлечат.[60][61] Доколку сите се повлечеле во исто време, отвореното поле би овозможило коњаницата на Персијците да ги совлада. Ако сите останеле во теснецот, сите би биле убиени.[59]

Тебанците исто така биле тема на дискусија. Херодот вели дека тие биле присутни на бојното поле како заложници, за да се осигура добро владение на Теба.[18] Но, Плутарх вели дека ако тие биле заложници, зошто тогаш не биле испратени при повлекувањето заедно со останатите Грци?[60] Најверојатно е дека групата Тебанци кои останале на бојното поле, биле противници на персиската доминација, за разлика од повеќето нивни сограѓани,[60] и дошле во оваа битка своеволно.[59] Сепак, ни ова не е вистиснкото објаснување зошто тие останале, бидејќи останатите Тебанци успешно се евакуирале пред да стигнат Персијците во нивниот град.[60]

Во зората, Ксеркс не нападнал веднаш, за да им остави време на Бесмртните да се искачат на планината.[46] Персиската војска од 10.000 војници, составена од пешадија и коњаница, ги нападнале Грците. Грците неочекувано излегле надвор од теснецот, и ја дочекале персиската војска, во обид да убијат што поголем број на Персијци.[46] Се бореле со копје, додека сите копја се скршиле, а потоа продолжиле со ксифос (краток меч).[62] Херодот запишал дека во оваа битка двајца од браќата на Ксеркс погинале: Аброком и Хиперант.[62] и дека Леонид погинал, исто така, погоден од персиските стрелци, а дека двете страни се бореле кој да го земе неговото тело. Сепак Грците усепале да го земат[62] Кога се приближиле Бесмртните, Грците се повлекле.[63] Тебанците ги дочекале непријателите со кренати раце, но неколкумина биле убиени, а другите заробени.[63] Кралот Ксеркс подоцна Тебанците заробеници ги означил со кралски знак.[64] Херодот запишал за останатите заробеници:

„Овде се бранеле себеси до последен, оние кои уште имале меч - го користеле, а останатите се бранеле со раце и со заби.“[63]

Ксеркс урнал дел од ѕидот, и наредил стрелците да стрелаат сè додека и последниот Грк да биде убиен.[63] Во 1939, археологот Спиридон Маринатос, ископувајќи на Термопилите, пронашол голем број на персиски бронзени врвови на стрели на ридот Колон.[65]

На крајот, теснецот на Термопилите бил отворен за персиската војска, според Херодот, по цена од 20.000 персиски жртви.[66] Загубата кај Грците е пресметана на околу 2.000 војници, вклучувајќи ги и оние што се убиени во текот на првите два дена од битката.[67] Херодот зборува за 4.000 грчки жртви, но ова е веројатно голема бројка, бидејќи според тоа колкумина биле присутни првиот ден, излегува дека сите грчки војници биле убиени.[68]

По битката[уреди | уреди извор]

Откако Персијците го зеле телото на Леонидас, Ксеркс наредил да му се отсече главата, а телото да се распне. Херодот кажува дека ова е невообичаено за Персијците, бидејќи тие им укажувале голема почест на „храбрите борци“.[63][69] Од друга страна, Ксеркс бил познат како одмаздник.[11]

Откако Персијците заминале, Грците ги собрале телата на загинатите и ги запалиле. Подоцна, на Термопилите бил поставен споменик лав, во чест на Леонид.[70] После 40 години од битката, коските на Леонид биле вратени во Спарта, каде бил достојно закопан, а секоја година биле изведувани посмртни игри во негова чест.[62][71]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bradford, p.162
  2. Greswell, p. 374
  3. Herodotus VIII, 24
  4. „BBC Radio 4 - In Our Time, Thermopylae“. BBC. http://www.bbc.co.uk/programmes/p004y278. конс. 26 ноември 2014 г. 
  5. Histories
  6. Herodotus VIII, 25
  7. Herodotus VIII, 24
  8. Diodorus XI, 28–34,
  9. Cartledge, Paul (2007). Thermopylae : the battle that changed the world (1. pbk. издание). London: Pan. стр. 215. ISBN 9780330419185. 
  10. Cartledge, Paul (2007). Thermopylae : the battle that changed the world (1. pbk. издание). London: Pan. стр. 224. ISBN 9780330419185. 
  11. 11,0 11,1 „VII, 35“. Perseus.tufts.edu. http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Hdt.+7.35.1. конс. 26 ноември 2014 г. 
  12. Cox, Jeremy. “They Died the Spartan’s Death”. „Thermopylae, theAlamo, and the Mirrors of Classical Analogy, Advances in the History of Rhetoric.“. 
  13. Herodotus VII, 32
  14. Holland, pp. 255–257
  15. Holland, pp. 255–256
  16. 16,0 16,1 Herodotus VII, 206
  17. 17,0 17,1 Holland, pp. 258–259.
  18. 18,0 18,1 18,2 Herodotus VII, 205
  19. 19,0 19,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име VII176.
  20. Holland, pp. 269–270
  21. 21,0 21,1 21,2 Herodotus VII, 207
  22. Plutarch, Apophthegmata Laconica, section "Leonidas, son of Anaxandridas", saying 6, Vol. III of the Loeb Classical Library edition, 1931
  23. „Herodotus Book 7: Polymnia, 226“. Sacred-texts.com. http://www.sacred-texts.com/cla/hh/hh7220.htm. конс. 26 ноември 2014 г. 
  24. Holland, pp. 270–271
  25. Plutarch, Apophthegmata Laconica, section "Leonidas, son of Anaxandridas", saying 11
  26. 26,0 26,1 26,2 Herodotus VII, 210
  27. Herodotus VII, 186
  28. 28,0 28,1 28,2 „Photius' excerpt of Ctesias' Persica (2)“. Livius.org. http://www.livius.org/ct-cz/ctesias/photius_persica2.html. конс. 26 ноември 2014 г. 
  29. Holland, p. 237
  30. Holland, p. 394.
  31. de Souza, p. 41.
  32. 32,0 32,1 Herodotus, VII, 202
  33. Herodotus VII, 203
  34. Diodorus Siculus XI, 4
  35. 35,0 35,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Macan.
  36. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име VII228.
  37. 37,0 37,1 37,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име L248.
  38. 38,0 38,1 Holland, pp. 285–287
  39. Bradford, Ernle (1980). The Battle For The West: Thermopylae. New York: McGraw-Hill Book Company. стр. 68–69. ISBN 0-07-007062-8. 
  40. Dore, pp. 285–286
  41. „Map of Thermopylae“ (JPG). Archive.org. архивирано од оригиналот на 30 септември 2007. https://web.archive.org/web/20070930030341/http://www.mlahanas.de/Greeks/Cities/Thermopylae.jpg. конс. 26 ноември 2014 г. 
  42. „Map of Thermopylae“. Uoregon.edu. http://uoregon.edu/~klio/maps/gr/Thermopylae.jpg. конс. 26 ноември 2014 г. 
  43. [1]
  44. Diodorus Siculus XI, 6
  45. Herodotus VII, 208
  46. 46,0 46,1 46,2 Herodotus VII, 223
  47. 47,0 47,1 Diodorus Siculus XI, 7
  48. Herodotus VII, 204
  49. 49,0 49,1 49,2 Herodotus VII, 212
  50. 50,0 50,1 50,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име VII211.
  51. 51,0 51,1 Herodotus VII, 213
  52. Tegopoulos, entry for Εφιάλτης
  53. Green (2006), p. 59
  54. 54,0 54,1 54,2 54,3 Herodotus VII, 218
  55. 55,0 55,1 55,2 Herodotus VII, 219
  56. „Diodorus Siculus, Library, Book XI, Chapter 8, section 5“. http://www.perseus.tufts.edu/hopper/text?doc=Perseus%3Atext%3A1999.01.0084%3Abook%3D11%3Achapter%3D8%3Asection%3D5. конс. 9 октомври 2013 г. 
  57. Herodotus VII, 220
  58. Herodotus VII, 222
  59. 59,0 59,1 59,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име h291.
  60. 60,0 60,1 60,2 60,3 60,4 Lazenby, pp. 144–145
  61. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име h294.
  62. 62,0 62,1 62,2 62,3 Herodotus VII, 224
  63. 63,0 63,1 63,2 63,3 63,4 Herodotus VII, 225
  64. Herodotus VII 233
  65. Crawford, p. 302
  66. Herodotus VIII, 24
  67. Holland, p. 397
  68. Lazenby, p. 148
  69. Herodotus VII, 181
  70. Herodotus VII, 238
  71. Pausanias III, 14