Битка на Вич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка на Вич
Дел од Грчката граѓанска војна

Авијатичари на владината војска во офанзивата на Вич во текот на граѓанската војна во Грција
Датум 10 - 16 август 1949
Место Вич, Грција
Исход победа на Грчката кралска армија
Завојувани страни
 Кралство Грција ДАГ

Битка на Вич — битка на врвот Вич, Нередска Планина, една од најжестоките битки меѓу ДАГ и Грчката кралска армија во граѓанската војна во Грција. На 10 август 1949 година владината добро вооружена армија (80.000) ги нападнала позициите на X и XI дивизија на ДАГ. Силите на ДАГ брзо биле поразени и на 16 август биле принудени на повлекување кон Албанија.