Битка кај Хелиополис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Битка кај Хелиополис
Дел од Муслиманско освојување на Египет
(Византиско-арапски војни)
Датум 6 јули 640
Место во близина на Хелиополис, Египет
Исход муслиманска победа
Завојувани страни
Праведен Калифат Византија
Команданти и водачи
Амр ибн Алас Теодор
Сила
околу 15,000 околу 20,000 или повеќе
Жртви и загуби
непознато; непознато

Битката кај Хелиополис се одвила на 6 јули 640 година помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешен Египет. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Египет, а завршила со победа на Праведниот Калифат.

Позадина[уреди | уреди извор]

Во времето по смртта на Мухамед на 6 јули 632, исламот делотворно го унифицирал целиот Арапскиот Полуостров. Во текот на следните дванаесет години, под власта на првите два калифи, исламската империја ја зазела Персиската империја, и поголемиот дел од источните провинции на Византија. Муслиманскиот калифат продолжил да се проширува за да кон крајот на 8 век, таа се протегала од Атлантскиот Океан на запад до Средна Азија на исток.

Во времето на првиот калиф, Абу Бакр по завршувањето на арапското обединување на Арабија започнал напади кон Персија, но најголем подем новата исламска империја доживеала во времето на неговиот наследник Омер. Кога новиот калиф го започнал своето владеење во 634, на меѓународната сцена на Блискиот Исток се воделе исцрпувачки борби меѓу Византија и Персија, кој траел 20 години. По 630-тите Персија била вовлечена во граѓанска војна, додека Византија на чело со Ираклиј единствено ги вратил изгубените територии пред војната.

Така овие две земји биле доволно исцрпени за да можат да се соочат со муслиманската инвазија[1].

Битка[уреди | уреди извор]

Обединетата муслиманско-арапска армија, во времето кога се соочила со римската армија, била предводена од страна на Амр ибн Алас. Исто како со Сирија, така Византија го изгубил и Египет кој бил економски највредна провинција во империјата, веднаш по Анадолија. Битката кај Хелиополис се одржала некаде од почетокот до средината на јули 640, во близина на античкиот град Хелиополис, каде муслиманските сили имале околу 15,000 воојска на чело со Амр ибн Алас, додека византиските сили пак биле околу 20,000 под раководство на Теодор, како командант на сите византиски сили во ЕгипетГрешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>.. Иако дел од историчарите, како Балтер, како главни виновници ги обвинуваат христијанските Копти и неспособноста на византиските генерали да се справат со брзиот пад на Египет, историчарот Гибон се насочува кон супериозноста на карактерот на муслиманскиот водач во Египет[2].

Без разлика на грешките на византиските генерали, вклучувајќи го секако и Теодор, скоро сите историчари се согласни дека Амр направил брилијантна битка кај Хелиополис. Така, кога византиската војска започнала да се приближува, Амр својата ја поделил на три посебни единици, со еден одред под команда на доверливиот командант Кариџа. Оваа единица започнала со својата задача кон исток околу околните ридови, каде успеала да се сокрие. Оваа единица требало да остане скриена додека Римјаните ја започнат битката, по кое тие требало да го нападнат византиското крило од зад грб. Вториот одред заминал кон југ, место кое требало да се искористи за бегство доколку Битката започне да пропаѓа. Така кога византиските сили започнале со нападот, тие биле целосно изненадени од одредот на Јариџа. Теодор од друга страна го игнорирал муслиманското придвижување на коњаницата. Во нападот, меѓу византиските сили започнал да владее хаос, каде војниците на Теодор се обиделе да побегнат кон југ, но таму биле пресретнати од третиот одред, кој бил поставен таму за само таква намена. Така, византиската армија доживеала голем пораз.

По битката[уреди | уреди извор]

Самиот византиски водач Теодор успеал да преживее но со мал дел од неговата војска, додека остатокот биле убиени или заробени. По крајот на битката, поголемиот дел од јужниот и централниот дел на Египет паднал под силите на Амр. Хелиополис претходно било место каде се наоѓала најголемата византиска сила во Египет, но по нивниот пораз муслиманите започнале без проблем да навлегуваат во срцето на Египет. Земјата во суштина била без одбрана, бидејќи никој не сакал да се вклучи на страната на византијците, особено домородното население, од кои поголемиот број ббиле монофизити и постојано биле прогонувани од Цариград.

Населението многу бргу разбрало за даноците на калифатот, кои биле доста подобри за разлика од римските. Голем дел од армијата дезертирала и изразила непослушност како и голем дел од христијанските Копти. Иронично, некои од коптите верувале дека муслиманите ќе бидат потолерантни од Византијците, а дел од нив и го прифатиле исламот. Од друга страна пак, на христијанското население му се овозможило слободно да ја почитува својата религија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Umar (634-644)", The Islamic World to 1600 Multimedia History Tutorials by the Applied History Group, University of Calgary. Last accessed 20 Oct 2006 Архивирано на 10 април 2007 г.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име gibbon.