Битка кај Трајановата порта
| Битка кај Трајановата порта | |||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од Самоиловото Царство | |||||||||
Скица од борбата. |
|||||||||
|
|||||||||
| Завојувани страни | |||||||||
| Команданти и водачи | |||||||||
| Цар Самоил Арон | Василиј II Порфирогенит | ||||||||
| Сила | |||||||||
| непознато | 15.000-20.000[2] | ||||||||
| Жртви и загуби | |||||||||
| непознато (минимални) | непознато (значајни) | ||||||||
Битка кај Трајановата порта, позната и како Битката кај Ихтиман (старогрчки: Μάχη στις Πύλες του Τραϊανού) — значајна крвава битка меѓу војската на Самоиловото Царство и Византиската Империја. Се одвивала во Трајановата порта, во околина на Сердика (денес Софија, престолнина на Република Бугарија) на 27 август 986 година. Битката претставува најголемиот пораз на Византија за време на владеењето на Василиј II. Борбата, заедно со Битката кај Беласица, е меѓу најзначајните воени конфликти за време на владеењето на Цар Самоил.
После неуспешната опсада на Софија, војската на Василиј II се обиделе да се вратат од Северна Тракија кон Константинопол. Но војската на Цар Самоил ја откриле нивната база во Средна Гора. За време на борбата, Василиј II претрпил големи загуби и за малку бил заробен. Успеал да ја избегне неговата судбина и се вратил во Константинопол. После борбата, голем дел од Балканскиот полуостров бил под склоп на Самоиловото Царство, со исклучок на делови од Унгарија, Хрватска и Словенија.
После борбата Самоил ја преместил престолнината од Преслав во Охрид. Податоци од борбата се среќаваат во литературата на Јован Геометар и Битолскиот натпис.
Податоци и документација
[уреди | уреди извор]
Различни средновековни дела сведочат за борбата, меѓу најстарите од нив е Битолскиот натпис. Лав Ѓакон не само што бил сведок туку учествувал во битката.[3] Во неговите дела тој не го употребува поимот „Бугари“ во врска со Самоиловата држава туку „Мизи“ или Мизија.[4] Друг сведок бил поетот Јован Геометар, деец на Македонската ренесанса. Геометар бил едиствениот средновековен автор кои ги наведил војниците како Скити.[5][6] Јован Скилица, хроничар на Византиската Империја, го спомнал поранешниот цар на Бугарија Роман како соучесник на Самоил во борбата. Во неговите записи Скилица редовно се коригирал и подоцна, наместо Роман, го наведил Гаврил Радомир како соучесник.[7]
Меѓународни историчари ги критикуваат записите на Скилица поради нивните противречни податоци и неправилно датирање на Самоиловата хронологија.[8][9] Георги Кедрин и Јован Зонара исто така биле историчари и хроничари за борбата.[10][11] Освен византиски историчари имало и ерменски историчари како Асолик и Матеј Одески. Заедно со египетскиот историчар Јахја Антиохиски, неговата хронологија е најприфатена во светската историографија поради нејзината неутралност.[12][13][14]
Вовед
[уреди | уреди извор]
Во 971 година Јован I Цимискиј со неговата војска го ликвидирал Првото Бугарско Царство. Поради новосоздадените воени нестабилности, децата на Комес Никола, Комитопулите, организирале востание против Византиската Империја. Околу крајот на годината било создадена средновековна македонска држава под името Славинија или Самоилово Царство. Покрај тоа, општоприфатена е 976 година за создавањето на Самоиловото Царство.[15][16][17] Во тоа време четири личности ја воделе државата — Арон, Самоил, Мојсеј и Давид.[18] Арон ретко учествувал во администрацијата на Царството и претежно ја водел војската заедно со Самоил.[19] После смртта на Цимискиј тие ја прошилиле државата низ Балканот. Давид бил првиот убиен од Влав за време на неговата опсада на Костур и Преспа. Мојсеј загинал борејќи против византиски сили во Серско додека Арон бил убиен од лична наредба на Самоил.[20]
Војната против Самоил била првата воена кампајна организирана од Василиј II, новиот крал на Византија. Во тоа време противници на Василиј II организирале востание во Мала Азија, поради тоа во првите години на неговото владеење Василиј го насочил неговото внимание спрема востаничките сили.[21] Во тоа време Василиј Лакапин заедно бил крал со Василиј II.[22] Главниот водач на востанието против Василиј II во Мала Азија бил Бардас Склерос кој соработувал со околиските ерменски и муслимански комеси против Василиј II. Откако неговото востание било задушено Василиј повторно имал можност да ја ликвидира Самоиловата држава.[23]
Околиските византиски гарнизони не можеле да се противстават со војската на Самоил.[24][25][26] После неколку години Самоил ја освил цела Вардарска Македонија, голем дел од Егејска Македонија со исклучок на Солун, Србија со исклучок на Војводина, Албанија и Северна Бугарија. Истовремено после долга опсада го освоиле и градот Преслав, поранешната престолнина на Првото Бугарско Царство. Додека војската на Византија се насочила кон Сирија.[27] Со тоа војската на Самоил имале доволно време да постават фортификации кај Охридското и Преспанското езеро.[28]
Меѓу 982 и 986 година Самоил ја освоил Тесалија и нејзиниот главен град Лариса.[29][30] Поради нивните редовни напади Василиј II донел одлука да организира отпор против македонската држава.[31]
Опсада на Сердика
[уреди | уреди извор]
Во 986 година крал Василиј II организирал поход против Самоиловото Царство со неговата војска составена од 15.000-20.000 војници.[2] Додека останатите генерали воделе поход против Арапите во Азија.[32][31] Василиј II се обидол да ја освои тврдината во Сердика, денес Софија, кое во тоа време било значајно стратегиско место за Самоиловата војска.[32] После тоа Василиј II планирал да ја насочи неговата војска кон позначајните тврдини на Самоил, како тој во Охрид. Почнал со неговиот марш од градот Одрин кон Пловдив и после Сердика.
Кога стасал до Сердика, Василиј II дадол наредба на генералот Леон Мелисенос да ги заштити византиските единици. После дваесет дена немале доволно материјални средства ниту храна да ја продолжат опсада. Се обиделе да се снабдат со храна од околијата но земјиштето било уништено и нивната стока била украдена од македонскиот гарнизон во тврдината.[33][34][35][36][37] Околу 15 август гарнизонот излегле од нивната тврдина и ја нападнале ослабената византиска војска, Василиј II дадол наредба да се повлечат кон Средна Гора и Самоил одлучил да ги следи.[32]
Битката
[уреди | уреди извор]| „ | Никогаш не би помислил дека некогаш ќе се случи, дури ни кога сонцето би се преместило, стрелите на Мизите (Македонци б.н.) да бидат појаки од копјата на Авзоните (Византија б.н.). Пропаднете дрвја, злокобни планини! Пропаднете, мрачни планини! Пропаднете, недостижни стени, таму каде лавот се уплашил да излезе против срните! Фаетон (син на богот на сонцето), скриј се под земјата во твојата златноблескава кочија, и кажи му го на великиот дух на императорот ова: Истарот го грабна венецот на Рим![38][39] Веднаш земи го оружјето, оти стрелите на Мизите се посилни од копјата на Авзоните! | “ |
Поради успешните воени напади спрема Византија, Василиј II немал можност да го освои градот Сердика. Дополнително немале доволно материјали за да продолжат со нивниот поход. Истовремено Самоил со неговата војска се движеле кон нивната база во Средна Гора. Поради тоа Василиј II одлучил да се врати во Константинопол.[41] Пред да почнеле Леон Мелисенос, генерал во Византиската војска, се отцепил од групата на Василиј II и се префрлил во Пловдив, оставајќи го Василиј II со минимални ресурси. Василиј II дополнително бил известен од неговиот генерал Контостефанос дека Мелисенос имал намера да организира државен удар против Василиј.[42]
Византиската војска се повлекла и влегла во Софиско, во близина на Ихтиман. Таму престојувале ноќеска и следниот ден продолжиле со нивниот марш. Страв и сомнение никнало меѓу војниците дека Самоил и неговата војска биле во близина. Кога војската на Самоил, во заедно раководство со Арон,[43][44] ја откриле нивната база кое во тоа време било во Трајановата порта, тие ги нападнале ноќеска.[45] За брзо време Самоиловата војска ја преовладувале Византиската армија. Василиј II и неговите војници биле опиколени и заробени. Но силната ерменска дивизија во Византиската војска успеале да го ослободат Василиј II и да побегнат од борбата.[46] Нема конкретен број на жртви од двете страни но општоприфатено е во светската историографија дека голем дел од војската на Византија била ликвидирана, додеки останатите биле заробени.[47]
Последици
[уреди | уреди извор]
После поразот внатрешна доверба во византиската монархија и Василиј II се ослабило. Незадоволен со тогашниот монарх, Бардас Фокас повторно организира востание во Мала Азија со цел да го отстрани Василиј од власт. Востанието траело три години и дополнително го потрошил византискиот капацитет. Поради тоа Василиј II немал можност да ја насочи неговата војска во Балканот.
После борбата, речиси целиот Балкански полуостров бил во рамките на Самоиловата држава со неколку исклучоци како делови од Унгарија, северна Хрватска и Словенија. Додека кон јужниот дел, цела Грција со исклучок на Пелопонескиот полуостров, Солун, Халкидики и Одринско биле во склоп на Самоил.[44][48][49] Поради востанието на Фокас Самоил имал можност дополнително да ја прошири државата, освојувајќи ја Унгарија, ликвидирајќи ги српските противници и вклучувајќи сојуз со Хрватска.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 94.
- 1 2 Hupchick 2017, стр. 259.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 19.
- ↑ Стојков 2014, стр. 19.
- ↑ Стојков 2014, стр. 18.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 166.
- ↑ Стојков 2014, стр. 5.
- ↑ Стојков 2014, стр. 6.
- ↑ Hupchick 2017, стр. 245.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 20.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 17-18.
- ↑ Стојков 2014, стр. 4.
- ↑ Hupchick 2017, стр. 323.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 22.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 73.
- ↑ Hupchick 2017, стр. 247.
- ↑ Стојков 2014, стр. 2.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 74.
- ↑ Hupchick 2017, стр. 255.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 79.
- ↑ Острогорски 1998, стр. 394.
- ↑ Острогорски 1998, стр. 391-393.
- ↑ Hupchick 2017, стр. 235.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 99, 107.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 107.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 146.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 72.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 97-98.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 107-108.
- ↑ Златарски 1994, стр. 660-663.
- 1 2 Златарски 1994, стр. 665.
- 1 2 3 Златарски 1994, стр. 669.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 83.
- ↑ Hupchick 2017, стр. 260-262.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 91.
- ↑ Стојков 2014, стр. 12-13.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 93-94.
- ↑ Стојков 2014, стр. 17.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 96.
- ↑ Ѓорѓиева, Даниела (2018). Јован Скилица како извор за Самуиловата држава (PDF). Скопје: УКИМ. стр. 52.
- ↑ Златарски 1994, стр. 672.
- ↑ Златарски 1994, стр. 670-672.
- ↑ Златарски 1994, стр. 673-674.
- 1 2 Пириватриќ 1998, стр. 111.
- ↑ Златарски 1994, стр. 673.
- ↑ Златарски 1994, стр. 674-675.
- ↑ Златарски 1994, стр. 672-675.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 113.
- ↑ Пириватриќ 1998, стр. 155.
Употребена литература
[уреди | уреди извор]- Стојков, Стојко (2014). Крунисување на Самуил за цар и митот за царот Евнух (PDF). Штип: Универзитет „Гоце Делчев“. ISBN 0583-4961 Проверете ја вредноста
|isbn=: length (help). - Пириватриќ, Срѓан (1998). Самуилова држава, обим и карактер (PDF). Белград: САНУ. ISBN 0584-9888 Проверете ја вредноста
|isbn=: length (help). - Hupchick, Dennis (2017). The Bulgarian-Byzantine Wars for Early Medieval Balkan Hegemony. Silver-Lined Skulls and Blinded Armies. Springer International Publishing. ISBN 9783319562063.
- Златарски, Васил (1994). История на българските държави през Средновековието. 1. Софија: Марин Дринов. ISBN 954-430-299-9.
- Острогорски, Георгиј (1998). История на византийската държава. Софија: Марин Дринов. ISBN 954-8079-92-5.
| Статијата Битка кај Трајановата порта е добра статија. Таа исполнува одредени критериуми за квалитет и е дел од инкубаторот на Википедија. |