Прејди на содржината

Битка кај Сперхеј

Од Википедија — слободната енциклопедија

Битка кај Сперхеј (996 или 997 година) ― прва поголема загубена битка на Самоил во борбата против Византија.[1]

Се одиграла кај реката Сперхеј во денешна Грција, во близина на Термопилите. Византиската војска ја предводел војсководецот Никифор Уран. Враќајќи се од походот во Јужна Грција, Самоил се улогорил на десниот брег на надојдената река, а Никифор Уран на спротивната страна. Византијците успеале да најдат премин преку реката и ноќе ненадејно го нападнале логорот на Самоил. Самоиловата војска доживеала катастрофален пораз. Во битката биле ранети Самоил и неговиот син Гаврил Радомир, кои се спасиле од заробување криејќи се меѓу загинатите војници. Во текот на ноќта успеале незабележано да се повлечат и да се вратат во Македонија. Поразот кај Сперхеј не влијаел битно на натамошното ширење и јакнење на Самоиловата држава, која набрзо потоа прераснала во царство.[1]

Според хроничарот Скилица, оваа битка се случила во 996 година, но постојат индиции дека станува збор за 997 година.

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 76. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)