Битка кај Сисак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Сисак
Дел од Османлиски војни во Европа
Долгата војна во Унгарија
Sziszeki csata (1593).JPG
Датум 22 јуни 1593
Место Сисак, Хабсбуршка монархија

45°28′N 16°23′E / 45.467°СГШ 16.383°ИГД / 45.467; 16.383Координати: 45°28′N 16°23′E / 45.467°СГШ 16.383°ИГД / 45.467; 16.383

Исход христијанска победа[1]
Завојувани страни
 Османлиско Царство  Habsburg Monarchy
Сила
12,000[2]-16,000[3][4] 4,300-5,800
  • 300[5]-800[6] бранители на градот
  • 4,000[4]-5,000[7]коњаница и пешадија
Жртви и загуби
8,000[3] 500[8]


Битката кај Сисак од 1593 година претставувала значајна победа на христијанскиот свет над Османлиите. Хасан-паша Предоевиќ бил на чело на муслиманските сили додека Светата Римска Империја била предводена од страна на австрискиот генерал Рупрехт фон Егенберг.

По склучувањето на мир во 1590 година меѓу Мурат III и Персија, султанот започнал преговори со Рудолф II за потпишување мир кој требало да трае осум години. Во 1591 година Хасан-паша Предоевиќ кој бил личен пријател на големиот везир Синан-паша започнал тригодишна војна па поради ова бил нарушен и претходно потпишаниот мир. Во 1591 започнала првата опсада на Сисак и истата траела само четири дена. Како контранапад, хрватскиот бан Тома Бакиќ го ослободил градот Мославина, а како одмазда Хасан започнал со опожарување на неколку населени места. По овој напад се состанал Хрватскиот собор и донел одлука за целосно востание заедно со сите хрватски управители, духовни водачи, граѓани итн. Во пролетта 1592 година, Хасан тргнал во нов напад, а претходно бил изграден градот Јенихисар или Петриња. По ова го освоил градот Бихаќ, а по ова следувал нов напад кон Сисак.

Во јуни 1593 година, Хасан-паша ја ставил под опсада тврдината која била бранета од околу 800 војници наспроти 12.000 турска армија. На 22 јуни започнала одлучувачка битка во кое христијанските сили добиле големо засилување. Во битката христијаните победиле, а самиот Хасан-паша бил убиен.

Вовед[уреди | уреди извор]

Откако турскиот султан Мурат III во 1590 година склучил мир со Персија, после една година затишје, турските упади почнале повторно да се случуваат. Царот Рудолф II испратил на турскиот двор во Цариград преговарачи, кои на 29 ноември постигнале примирје, што требало да трае осум години.

Во 1591 година, на чело на Босанскиот пашалак, под притисок на воените кругови на Мурат, дошол Хасан-паша Предојевиќ, личен пријател на големиот везир Коџа Синан-паша. Тој започнал тригодишо војување за останатите делови од Уна и Покупље, како и за Сисак. Со напади се обидувал да го прекине примирјето што го склопиле султанот и царот Рудолф. Предојевиќ со голема војска во август 1591 година го опколил Сисак, но по четири дена бил приморан да се откаже и да се врати назад. По него тргнал младиот унгарцки аристократ и хрватско-славонско-далматински бан Тома Бакач-Ердеди, кој го ослободил својот роден град Мославина. За освета, Хасан ги запалил пределите околу Божјаковина и Врбовац. По овој напад, Хрватскиот сабор се состанал и донел одлука за кревање на општо востание за одбрана на татковината, како и за дотек на храна за војската. Со тој заклучок било решено дека во случај на војна, на повикот на банот мора да тргнат во војна сите аристократи на Кралството Хрватска, сите духовни лица, граѓани и кметови.

Пролетта 1592 година, Хасан-паша тргнал во нов напад. Пред тоа наредил да се изгради град, Јени Хисар (Петриња) како почетна точка за натамошните освојувања. Потоа извршил опсада на градот Бихаќ, кој по 9 дена се предал. Бихаќ го предал капетанот Ламберг без борба, на барање на граѓаните, на кои пашата им ветил слобода. По падот на Бихаќ, линијата на одбраната била од Огулин преку Карловац крај реката Купа до Сисак. Откако го зазел Бихаќ и кај Брест ги победил штаерските и хрватските бански трупи, Хасан-паша на 24 јули го нападнал Сисак, кој го бранеле каноникот Микац и неговите двајца другари, но по петодневно бомбардирање повторно псотавил опсада.[9]

Спротивставени сили[уреди | уреди извор]

Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value

Османлиите[уреди | уреди извор]

На почетокот на јуни 1593 година Хасан-паша Предојевиќ по трет пат тргнал кон Сисак. Го зазел Дречиновац на 14 јуни, а наредниот ден стигнал до Сисак и ја сместил војската на десниот брег од Купа. Имал околу 12.000 борци: јаничари, азапи, спахии, акинџии, од ко исамо мал број биле воооружени со огнено оружје. Во походот учествувале санџак-беговите на Зворник, Клишко-ливањскиот санџак, на Лика, на херцеговскиот санџак, Пакрачкиот санџак, Пожешкиот санџак, на Ораховица, Бихаќкиот санџак и Вучитрнскиот санџак, и капетаните од Петриња и Градишка, а веројатно и трупите на Осиечкиот и санџакот на Крка.[9]

Христијани[уреди | уреди извор]

Кога стигнала веста дека Хасан-паша тргнал на Сисак, кај Света Клара (близу Загреб) се собрале околу 5.000 луѓе: банот Тома Бакач-Ердеди со банската чета (1.240 луѓе); полковникот Рупрехт Егенберг со царскиот полк од 3 чети (околу 1.500 луѓе); полковникот Андрија Ауершперг Турјашки, врховен капетан на Хрватска краина со 300 коњаници-оклопници, 100 корушки аркебузири со капетанот Криштоф Обручан, 200 крањски коњаници на феудалниот повик со капетанот Адам Раубен и 160 карловачки и корушки мускетари со капетаните Георг и Сигисмунд Парадајзер, полковникот Мелхиор Редерн со 500 шлески коњаници-стрелци; потполковникот Грасвајн, капетанот на Славонска краина со 400 војници; Петар Ердеди, капетан со околу 500 ускоци; Мартин Пичник со околу 100 коњаници од Монтекуколиевиот полк. Имало уште стотици лесни коњаници (хусари) или нередовни пешаци (вооружени кметови). Хрватско-германските сили располагале со 1.760 аркебузири или мускетари, што било еден од решавачките фактори за победа.[9]

Турската војска била побројна, но христијаните имале предност во вооружување и дисциплина.[9]

Сисак го бранеле канониците на загребската бискупија, Блаж Ѓурак и Матија Финтиќ со 300 војници, покрај кои имало и околу 100 Егенбергови војници од Словенија, и регрутирани момчиња и доброволци од околината, вкупно околу 800 луѓе.[9]

Текот на битката[уреди | уреди извор]

Откако направил мост, Хасан-паша ги поставил своите топови на левиот брег на Купа и започнал со бомбардирање на градската капија и кулата до Купа,[9] каде успеал да урне дел од ѕидот. Јуришот бил одбиен, но борбениот дух почнал да опаѓа.[10]

За тоа време, откако разбила еден турски одред од 300 луѓе, христијанската војска тргнала кон Сисак, и на 21 јуни стигнала до Новиград на Сава. На советувањето одржано на 22 јуни, било решено битката да почне веднаш, и да се деблокира Сисак.[9]

На патот од Новиград до Сисак, Ауерсперг ја поставил христијанската војска во борбен ред кој бил вообичаен во царската германска војска. Во првиот ред биле хрватски војници, лесната коњаница (хусарите), пешаците и Ауерсперговите трупи, а во вториот Редерновите и Монтекуколиевите коњаници и Рајтенауовите пешаци. Вака подредени, продолжиле кон Сисак,[10] а Хасан-паша им им тргнал во пресрет со околу 10.000 војници. Околу 12 часот дошло до судир. Први нападнале Хрватите (коњаницата), а кога биле одбиени, стапиле во акција аркебузирите и другите трупи што биле вооружени со огнено оружје. Турците биле совладани, а кога го зазеле мостот на Купа, карловачките аркебузири им ја пресекле на Турците отстапницата. Само неколику стотици Турци се спасиле преминувајќи ја реката, додека другите се удавиле во Купа и Одра, или биле заробени. Битката траела нецел час.<ref name="ВЕ2">

Последици[уреди | уреди извор]

Христијаните имале само 40-50 погинати, а Турците околу 8.000, меѓу нив Хасан-паша и 4 санџак-бегови. Турците кои останале на десната страна од реката Купа, го запалиле логорот и побегнале. Патот до Петриња бил отворен, но Егенберг не смеел да ја нападне турската тврдина без дозвола на царот.[10]

Битката кај Сисак била пресвртница во односот на силите меѓу христијаните и Османлиите.[10]

Победата над Турците кај Сисак радосно одекнала во Европа, како ретка победа во времето на турската надмоќ, но Цариград барал освета. Турција на 17 јули 1593 година му објавила војна на царот Рудолф II. На самиот почеток од оваа триесетгодишна војна, новиот босански беглербег Мустафа-паша, со помош на румелискиот беглербег Хасан-паша Соколовиќ, го зазел Сисак на 28 август 1593 година, но кога на 1 август 1594 година австро-хрватските сили ја зазеле Петриња, турската војска се повлекла од Сисак.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. August Dimitz: History of Carniola Volume III: From Ancient Times to the Year 1813 with Special Consideration of Cultural Development, Xlibris Corporation, 2013, p. 168-171
  2. Oto Luthar: The Land Between: A History of Slovenia (Peter Lang GmbH, 2008), p. 215
  3. 3,0 3,1 Joseph von Hammer-Purgstall, Geschichte des Osmanischen Reiches. Vol.4: Vom Regierungsantritte Murad des Dritten bis zur zweyten Entthronung Mustafa des Ersten 1574–1623, Budapest: C. A. Hartleben, 1829, p. 218 and footnote with reference to the greatly differing figures in Turkish sources, e.g. Mustafa Naima,Tarichi Naima (i.e. "Naima's History"), Constantinople 1734, vol.I, p. 43 f. (Annals of the Turkish Empire: from 1591 to 1659. Transl. Charles Fraser. London: Oriental Translation Fund, 1832), and Austrian sources, e.g. Franz Christoph von Khevenhüller (1588–1650), Annales Ferdinandei, Leipzig: Weidmann 1721–1726, vol. IV, p. 1093.
  4. 4,0 4,1 Ive Mažuran: Povijest Hrvatske od 15. stoljeća do 18. stoljeća, p. 146
  5. Vjekoslav Klaić: Povijest Hrvata od najstarijih vremena do svršetka XIX. stoljeća, Knjiga peta, Zagreb, 1988, p. 496
  6. Ivo Goldstein: Sisačka bitka 1593., Zagreb, 1994, p. 104
  7. Ferdo Šišić: Povijest Hrvata; pregled povijesti hrvatskog naroda 600 – 1918, p. 305-306, Zagreb ISBN 953-214-197-9
  8. Bánlaky József: A magyar nemzet hadtörténelme; A sziszeki csata 1593 június 22.-én
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 Гажевиќ, Никола (1974). Воена енциклопедија (том 8). Београд: Војноиздавачки завод. стр. 591. 
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Гажевиќ, Никола (1974). Воена енциклопедија (том 8). Београд: Војноиздавачки завод. стр. 592.